Најиритантните работи што ги прават родителите, според луѓето без деца

Постојат многу фрази што ги користат родителите, а им пречат на оние без деца. На прво место е: „Не си родител, па не разбираш“, што 68 отсто од испитаниците не сакаат да го слушнат. 51 отсто од нив велат дека ги нервира кога ќе ја слушнат реченицата: „Само мислиш дека си уморен, почекај да добиеш дете“.

172

Никој не се раѓа како родител. Станувате родител, а родителството значително не менува. Без разлика дали тоа е поради исцрпеност, преоптоварување или нешто друго, честопати не се сеќаваме какви бевме пред да имаме деца и понекогаш не сме свесни дека правиме работи што може да ги иритираат другите.

Земете го на пример нагаленото зборување, кое е забележано во многу различни култури. Начинот на кој родителите го менуваат својот тон, ритам и вокабулар кога разговараат со своите деца можеби не звучи толку слатко за другите возрасни луѓе наоколу.

Во истражувањето спроведено меѓу 977 луѓе, 69 отсто од нив рекле дека им пречи кога родителите им зборуваат на своите деца имитирајќи детско зборување. Речиси еднаков број идни родители, 68 отсто, изјавиле дека не планираат така да разговараат со своите деца.

Карактеристиките на детскиот говор кои најмногу им пречат на испитаниците се зборувањето со повисок тон (75 отсто), претерувањето со изразите на лицето (53 отсто) и потпевнувањето (51 отсто), пишува HuffPost.

Друга работа што ги нервира луѓето без деца се родителите кои постојано го вртат разговорот на своите деца. На ова се пожалиле 70 отсто од испитаниците, додека 72 отсто од нив велат дека не ги интересираат деталите за телесните функции на вашето дете.

Исто така, постојат многу фрази што ги користат родителите, а им пречат на оние без деца. На прво место е: „Не си родител, па не разбираш“, што 68 отсто од испитаниците не сакаат да го слушнат. 51 отсто од нив велат дека ги нервира кога ќе ја слушнат реченицата: „Само мислиш дека си уморен, почекај да добиеш дете“.

Повеќе