Сè повеќе родители му вртат грб на Дедо Мраз: Не ги лажеме своите деца

Заканите до децата како: „Ќе му кажам на Дедо Мраз да не ти носи подароци годинава“ само ќе ја уништи празничната среќа и ќе им предизвика стрес на родителите и на децата“, изјавила Сара Оквел-Смит, авторка на книгата „Нежно родителство“ за The Post.

264

Родителите од генерацијата Z веруваат дека одржувањето на митот за Дедо Мраз е трауматизирачко за децата. Хаштагот #SantaIsntReal на Тик-Ток собра повеќе од 65,3 милиони прегледи.

Зошто? Причините се различни, но поентата е слична. Современите родители веруваат дека вклучувањето на Дедо Мраз во празничната традиција е неправедно кон нивните деца. Тиктокерот Мет Кругер во својата вирална објава на оваа тема вели: „Не ги лажеме нашите деца за Дедо Мраз“.

Кругер се присетил колку бил уништен кога ја дознал вистината за Дедо Мраз. Сфатил дека мајка му го лажела, па почнал да се сомнева во искреноста на неговите родители. Исто така, се запрашал за што друго го лажеле.

@rental.cashflow

I know that it’s a pretty touchy subject – but if you were a parent that does Santa Claus, how do you justify to your children? #bansanta #santaclausedit #thereasonfortheseason #jesusisthereason

♬ original sound – Matt Krueger | Rental Cashflow

„Поставивме елка и подаруваме, но го славиме раѓањето на Исус. Не го правиме тоа за да славиме некој тип во црвен костум“, додал Кругер. Тој ги повикал другите родители да објаснат зошто не ја отфрлиле традицијата на Дедо Мраз.

Во коментарите многумина истакнуваат дека може да се слават и Дедо Мраз и Исус. Тие го повикуваат Кругер да не ја уништува магијата на Божиќ за другите деца. Други му велат дека на децата им го краде еден од најубавите делови од детството. Но, од илјадниците коментари на оваа објава, јасно е дека сè повеќе родители го поддржуваат Божиќ без Дедо Мраз.

Не сум изненаденa што многу деца плачат кога ќе го сретнат Дедо Мраз
Младите сè повеќе го следат нежното родителство, модерен стил на воспитување кој ги води децата со добрина и почит, наместо со барања и закани.

„Иако не постои официјален став на нежното родителство за митот за Дедо Мраз, мајките и татковците треба да внимаваат да не ги користат ликовите како оружје. Со други зборови, заканите до децата како: „Ќе му кажам на Дедо Мраз да не ти носи подароци годинава“ само ќе ја уништи празничната среќа и ќе им предизвика стрес на родителите и на децата“, изјавила Сара Оквел-Смит, авторка на книгата „Нежно родителство“ за The Post.

Таа додава дека фигурата на Дедо Мраз може да предизвика долготрајна агонија кај некои деца.

„Идејата за осудувачко митско суштество кое гледа сè и ги шпионира децата е прилично трауматично. Не сум изненадена што многу деца плачат кога ќе го сретнат Дедо Мраз“, изјавила таа за The Post.

На некои им е полесно да ја избегнат приказната за Дедо Мраз поради тешката финансиска состојба
Во мноштвото коментари на оваа тема се издвојува еден сосема поинаков став.

„Учењето на децата да веруваат во нешто што не можат да го видат може да поттикне вера подоцна во зрелоста“, напишал еден родител.

Во меѓувреме, некој друг споделил уште една работа што треба да се земе предвид кога станува збор за оваа жешка тема.

„За жал, поради финансиски причини, Дедо Мраз не ги посетува сите. Поради ова, некои родители не ги учат своите деца дека е вистински“, објаснил.

Јасно е дека родителите од двете страни страствено размислуваат за улогата на Дедо Мраз во животот на нивните деца, што очигледно се темели на нивните лични искуства и религиозни убедувања.

Повеќе