Еден татко неодамна застанал пред другите на родителскиот состанок во училиштето на неговиот син и им се извинил на наставниците затоа што неговите ниски оценки го намалиле просекот на целото одделение.
„Работам како психолог. Силниот менталитет и високиот емоционален коефициент се пресудни за успех во нашата кариера“, вели тој во виралното видео објавено на кинеската социјална мрежа Douyin.
Тој им се заблагодарил на наставниците за трудот што го вложиле во неговиот син и истакнал дека кај момчето забележал одреден напредок.
„Мислам дека тој има шанса да стане извонредна личност во иднина“, додал тој.
Видеото собрало повеќе од 1,6 милиони лајкови. Многумина го пофалиле таткото за начинот на кој го подддржува своето дете.
„Детето е сѐ уште мало и му треба охрабрување за да напредува. Со ваков татко нема сомнеж дека детето ќе успее”, коментираат луѓето.