Кога е од тато, не е важно што е!

Еден татко се обидел да му го подари на своето девојче „најлошиот подарок досега“. Сепак, не ја добил очекуваната реакција.

206

Еден татко решил да се пошегува со својата ќеркичка и да ѝ го подари „најлошиот подарок досега“. Завиткал банана во украсна хартија и му ја дал на девојчето, а нејзината реакција никого не остава рамнодушен. Девојчето почнува да го отвора подарокот, а кога сфаќа дека станува збор за овошје, на нејзиното лице се појавува искрена насмевка.

„Банана“! Возбудено извикува таа и неколку пати повторува дека добила овошје. Веднаш ја замолува мајка си да ѝ помогне да ја излупи бананата, а штом ќе ја гризне, им кажува на родителите дека е навистина вкусна.

Таткото го споделил видеото, па можете да го погледнете подолу.

Повеќе