Тина Мучева, струмичката Моника Белучи

Жените се реалност, жените се бајки, жените се жени, жените се мајки…Жените се топли, жените се меки, жените се украс на природата, жените се женствени, жените се женствени… И таа е сето тоа по ред. а нејзините струмичани ја нарекуваат – струмичката Моника Белучи.

9.302

За госпоѓа Тина Мучева слушнав од моите пријатели кои потекнуваат од овој град. Велеа, жената е навистина посебна, иако веќе во позрели години, со две возрасни ќерки и еден внук, таа изгледа барем две децении помлада. Но не е сѐ ни во изгледот. Иако е секогаш средена, дотерана и женствена, она што ја краси и ја прави единствена и посебна, се нејзиниот младешки дух, нејзината енергија, комуникативноста и неуморноста.
Таа е една од оние жени кои не можете да ги видите во лошо издание. Може да им се случува сѐ и сешто зад затворени врати, но кога се на улица, тие се секогаш совршено нашминкани, дотерани, насмеани и ведри. Тие се жени-лавици или, како што вели онаа стара песна од 80-тите, жените се реалност, жените се бајки, жените се жени, жените се мајки…Жените се топли, жените се меки, жените се украс на природата, жените се женствени, жените се женствени… И таа е сето тоа по ред. а нејзините струмичани ја нарекуваат – струмичката Моника Белучи.

„Личноста која секојдневно ја среќаваме во Струмица, Тина Мучева е мајка на две ќерки кои сама ги извела на пат, откако нејзиниот сопруг рано починал, ќерки кои се гордеат со својата мајка, а и таа со нив. Судбината сакала таа да остане сама рано и да го продолжи патот како самохран родител, да опстои долги години вредно работејќи го она што најдобро го знае, со крената глава.
Тина имала козметички салон и била многу успешна во својата бранша. а во 90-тите години од минатиот век во своето козметичко студио ги шминкала најпознатите актерки во тогашна СФРЈ, Милена Дравиќ и Весна Чипчиќ. Тогашното списание „Практична жена“ ја избрало за најелегантна жена“.

Била почесен гостин и на последната манифестација на здружението „Вешти жени“, во март 2023 година.

Не се сменила низ сите овие децении. Таа е сѐ уште најелегантната и најекстравагантната струмичанка, која плени со својот дух и со својата енергија, а зрачи со женственост и сексипилност, кои, велат струмичани, се сигурно запишани во нејзината ДНК.

Повеќе