Вашите деца бараат работа? Еве 10 начини на кои можете да им помогнете во тој процес

Користете ги вашите врски и познаници за да го поврзете вашето дете со професионалци во нивната област на интерес. Тие можат да бидат непроценливи ресурси за барање работа, информативни интервјуа, менторство и упатување.

97

Колку и да брзаат некои млади за да станат полнолетни и да почнат да работат, кога ќе дојде време да ја најдат првата работа, може да се изгубат во сѐ што треба да направат. Затоа родителите можат да им помогнат да се движат низ целиот процес на наоѓање работа. Порталот Times of India споделува десет корисни совети за тоа како родителите можат да им помогнат на своите деца.

Помогнете им да создадат одлична биографија
Речиси секое професионално патување започнува со креирање на биографија. Родителите треба да им помогнат на своите деца да ги истакнат своите вештини, искуство и достигнувања во своето CV. Потсетете ги да ги напишат во својата биографија сите групни проекти и активности поради кои можат да се издвојат од другите кандидати. Одличното резиме е првиот чекор кон привлекување на вниманието на потенцијалните работодавци.

Помогнете им да ги најдат сите страници и места на кои можат да бараат работа
Покрај онлајн огласите за работа, дозволете им на децата да истражуваат и други опции. Користете ја вашата лична мрежа на контакти, обратете се на здруженија на поранешни студенти и поттикнете ги да посетуваат разни саеми за работа. Можностите за работа често се кријат на неочекувани места и можете да им помогнете на децата да ги откријат.

Вмрежете се како професионалците
Користете ги вашите врски и познаници за да го поврзете вашето дете со професионалци во нивната област на интерес. Пријателите, колегите и познаниците можат да бидат непроценливи ресурси за барање работа, информативни интервјуа, менторство и упатување. Иако помошта од пријателите и препораките нема да гарантираат работа, тие претставуваат можност децата да се претстават како добри кандидати пред работодавците.

Научете ги како да се прилагодат
Охрабрете ги децата да го приспособат своето CV и мотивационото писмо за работата за која аплицираат. Нека ги идентификуваат клучните зборови и барања од описот на работните места и нека ги усогласат со нивните квалитети. Ако ве прашаат за повратна информација за биографијата, не двоумете се да им упатите критики за да не ги повредите. Кажете им што не е во ред со резимето и помогнете им да го поправат.

Подгответе ги за интервјуто
Ако децата го поминат првиот круг, многу е веројатно дека во одреден момент ќе мора да одат на деловно интервју или интервју со потенцијален работодавец. Направете лажно интервју со нив. Побарајте некои вообичаени прашања на интернет, разговарајте за професионална презентација и темелно истражете ја компанијата и улогата за која аплицира вашето дете. Довербата е клучна во интервјуто и можете да им помогнете да се чувствуваат помалку нервозни.

Бидете нивна емоционална поддршка
Ловот на работа може да биде емоционално исцрпувачки. Честитајте им за нивните достигнувања, сочувствувајте со нивните предизвици и бидете тука за нив доколку им требате. Вашата поддршка е клучен елемент за да им помогнете да се справат со притисоците, анксиозноста и, во многу случаи, отфрлањето.

Планирањето е клуч за успехот
Направете практичен план за нивното барање работа. Поставете конкретни цели, рокови и стратегии. Следењето на напредокот и потенцијалните работодавци ќе ги одржуваат децата на вистинскиот пат и ќе ги охрабрат да не се откажуваат од барањето работа.

Истражување на можностите
Можете исто така да им помогнете на децата со тоа што ќе ги седнете и ќе побарате од нив да ги проценат нивните силни страни, интереси и вредности. Споделете ги вашите сопствени искуства, увиди и ресурси со нив за да ги прошират нивните хоризонти. Можеби сакаат да работат работа која воопшто не е за нив и воопшто не сакаат да размислуваат за други опции. Затоа е важно да се соочите со нивните добри и лоши страни за работата што ја сакаат.

Охрабрете ги да развијат нови вештини
Родителите треба да ги охрабруваат децата постојано да учат и да станат подобри во она што ги интересира. Истражувајте онлајн курсеви, работилници, вебинари или подкасти кои можат да им помогнат да развијат нови вештини. Побарајте можности за практиканти, волонтерска работа или независни проекти за да стекнат драгоцено искуство.

Иако бараат помош од вас, оставете ги сами да одлучуваат
Вашите деца побараа помош за да најдат работа, но имајте предвид дека нивната одлука е последна. Поддржете ги без да размислувате премногу и почитувајте ја нивната автономија. Верувајте им дека ќе донесат одлука и ќе преземат одговорност за нивниот професионален пат.

Повеќе