Три прашања што бремените жени мора да ги постават доколку мислат дека нивниот гинеколог не ги сфаќа сериозно

Во вирално видео на Тик-Ток, докторка-гинеколог ги поттикнува трудниците да застанат во своја одбрана кога ќе почувствуваат дека лекарите не ги сфаќаат доволно сериозно нивните грижи.

130


Докторката Ноа Стерлинг, инаку, гинеколог, сподели видео на Тик-Ток во кое наведе три прашања што бремените жени треба да ги постават доколку сметаат дека нивниот гинеколог не ги сфаќа доволно сериозно.

Под тоа д-р Стерлинг мисли на ситуации кога трудниците им кажуваат на гинеколозите некои симптоми и проблеми кои ги мачат, а тие им велат дека е тоа сосема нормално. Со видеото, таа сака да ги поттикне трудниците да застанат во своја одбрана кога ќе почувствуваат дека лекарите не ги сфаќаат доволно сериозно нивните грижи.

Во своето видео кое набрзо стана вирално, д-р Стерлинг ги истакна овие три прашања:

Знам дека нормалните симптоми на бременост понекогаш може да укажуваат и на тоа дека се случува нешто посериозно. Што е она кај мене што ви кажува дека ова не е ништо сериозно и дека не е нешто поради што би требало да се грижам?

На што би требало да обрнам внимание и што би можело да ми укаже дека е ова посериозен симптом?

Мило ми е што мислите дека не е ништо сериозно. Сепак, би сакала да преземам нешто во врска со овој симптом. Што предлагате?

Целото видео можете да го погледнете подолу.

Во коментарите има многу мајки кои ги напишале своите негативни искуства со гинеколозите кои тврделе дека сѐ е во ред, а всушност не било.

„Поради реченицата дека „сѐ е нормално“, го изгубив детето во 17 недела од бременоста“, „Посериозно ме сфатија дури кога почнав да плачам“, „Откако ги прашав кого ќе тужи мојот сопруг ако нешто ми се случи, ме сфатија малку посериозно“, „Имав огромни болки во долниот дел на стомакот. Ми рекоа дека е само од бременост, но всушност имав камења во бубрезите“, се само дел од лошите искуства на бремени жени.

Повеќе