Праќањето во ќоше, не е добар избор: Не правете од децата неспособни луѓе

Ако ги казнувате децата такашто често кога ќе згрешат ги испраќате во ќош, детето ќе прерасне во возрасен човек кој ќе избегнува и најмал конфликт и дискусија, наместо да комуницира и да се соочи на каков било начин со некого или со нешто.

84

Австралискиот деловен стратег и психолог Кервин Раен, кој на своите семинари и работилници често се занимава со родителство, а инаку и самиот е татко, објаснува дека казните од типот на испраќање на детето во ќоше, даваат само краткорочни резултати.

„Во тој момент ќе го добиете тоа што го сакате, детето да се смири, но некаде до 14-тата година на детето ќе сфатите дека воспитувате бунтовник”, рекол тој.

Раен објаснува дека кога го воспитуваат детето, родителите истовремено го тренираат, односно го учат како да се однесува во одредени ситуации, но кога е испратено во ќош, тоа нема да научи како да се справи со своите чувства.
Поради честото „праќање во аголот“, детето ќе прерасне во возрасен човек кој ќе избегнува и најмал конфликт и дискусија, наместо да комуницира и да се соочи со некого или со нешто на каков било начин, дури и да се расправа кога е тоа потребно“, изјавил Раен, а пренесува The Sun.

„Ми требаше ова“, пишува една мајка на Инстаграм и објасни дека секогаш избегнува да го казнува своето дете. Таа вели и дека често чувствувала притисок веднаш да го смири своето дете со сличен метод, но досега успешно го избегнувала, знаејќи дека позитивниот одговор на детето е краткотраен.
„Сега ми потврдивте дека не треба да го правам тоа, благодарам“, додава таа.
Сепак, има и родители кои не се согласуваат со размислувањата на овој стратег.

„Испраќањето на детето во ќош треба да му помогне на детето брзо да се олади и да ги контролира своите чувства“, напишал еден татко кој вели дека повеќето деца дури тогаш се подготвени да разговараат и дека со некои деца претходно не треба ни да се почнува со разговор.

„Единствениот проблем е што многу родители подоцна забораваат на тој разговор“, додава тој.

Како се справувате вие со овие ситуации?

Повеќе