Како да си го најдете детето ако го изгубите во толпата? (ВИДЕО)

Една мајка ја изгубила од видот ќеркичката во преполн музеј и почнала да паничи, сѐ додека не се сетила на еден трик што го видела на Тик-Ток

156

Губење на дете во толпата. Тоа е најлошиот кошмар на секој родител. Паниката е неизбежна, иако е многу важно да се остане смирен. Понекогаш сите овие модерни социјални мрежи нудат „прва помош“…

Можете да бидете најразумниот, најмирниот родител, но во моментот кога ќе го изгубите од вид вашето дете среде толпа луѓе, се огласуваат сите аларми за паника, се случува краток спој и не можете да размислувате трезвено. Затоа што помислувате на најлошите можни сценарија.

Сè што можете да направите е да го извикате името на вашето дете на сиот глас и панично да го проверите секој агол до каде што можете да видите.

Токму тоа го доживеала мајката Криста Пајпер Грунди од Охајо. Кога забележала дека нејзината тригодишна ќерка Лили не е со неа или некаде во близина, а тие биле во преполн музеј. Мајката најпрво почнала да го извикува името на ќеркичката во целосна паника. Но, тогаш се сетила на видеото што го видела на Тик-Ток за мајка во слична ситуација.

„Мајката на видеото рече дека треба да го извикате описот за тоа што носи детето на себе бидејќи така луѓето знаат што бараат. Па почнав да викам: „Мало девојче, розова маица Мини Маус!“ А потоа се приклучија и другите родители“ и постојано велеа: „Малечко, розова кошула за Мини Маус!“”, вели Криста.

Неколку моменти подоцна, Лили била пронајдена жива и здрава.

@krista.piper

I lost my 3 year old todah in a play place and thank god for tiktok – I’m so happy i saw that tiktok of what to do when your kid goes missing. I found her fast by raising my voice and saying a description of what she was wearing. Should have added her age or hair color but the description if little girl with pink minnie mouse shirt got thr job done finding her. #parents #parentsoftiktok #playplace

♬ original sound – Krista | Booktok | Home life

„Бев во солзи, а Лили само си играше целосно несвесна за фактот дека избезумено ја барам“, изјавила мајката подоцна. И тоа не е ништо необично, децата лесно знаат да се заиграат и да заталкаат, несвесни за фактот дека во тој момент сме на работ на очај. Но, никој во тој момент не знае дали е ситуацијата безопасна или не.

Подоцна истиот ден, мајката ја споделила својата приказна на Тик-Ток, кадешто нејзиното видео собра илјадници коментари.

„Слушнав како една мајка го прави тоа еден ден во паркот. Малата беше добро и си играше, но луѓето брзо ја забележаа“, напишало едно лице.

Друг додал: „Видов една мајка во трговскиот центар како го прави тоа и еден човек горе слушна и извика „Еј! Имаме исчезнато дете!’ и го повтори описот. Детето е пронајдено за 30 секунди“.

Во 2020 година, видеото на детската авторка Џесика Чакмакли стана вирално откако таа објави совет за „гласно пребарување“ за да пронајдете дете на јавно место.

Таа ги советуваше родителите и да ги облекуваат децата во јаки бои кога одат некаде каде што ќе има гужва и многу луѓе.

Најдобро е никогаш, ама баш никогаш да не ви треба овој „трик“, но добро е да го зачувате некаде во некоја фиока во мозокот, за секој случај…

Повеќе