„Мирисот на староста“ навистина постои: Зошто старите луѓе имаат посебна миризба и како да се поправи тоа?

Можете да го почувствувате во домовите за стари лица, во куќата на вашите повозрасни роднини или додека чекате ред во продавница, но треба да знаете дека нема многу врска со хигиената. Научниците споделија дека мирисот е предизвикан од соединение наречено 2-nonenal.

6.334

Ние ги сакаме и ги почитуваме нашите постари, но исто така знаеме дека има одредени работи што

доаѓаат со возраста, покрај мудроста. Физичките промени кај постарите луѓе не се ограничени само

на нивниот надворешен изглед.

Има посебен мирис на телото кој е производ на стареењето, кој најчесто се нарекува „мирис на

стари луѓе“. Знаеме дека тоа не е ласкав термин, но науката докажа дека навистина постои. Сте го

помирисале. Тоа е како некој вид на мувлосано со подтонови на масло или маснотии и се чини

дека излегува од порите.

Можете да го почувствувате во домовите за стари лица, во куќата на вашите повозрасни роднини

или додека чекате ред во продавница, но треба да знаете дека нема многу врска со хигиената.

Научниците споделија дека мирисот е предизвикан од соединение наречено 2-nonenal. Кога

хормоните се менуваат како што старееме, нашите тела произведуваат повеќе масни киселини во

кожата.

Бидејќи нашите нивоа на антиоксиданти се намалуваат како што старееме, тие масни киселини се

изложени на оксидација со што пак, произведуваат големи количини на ноненал. Може да остане

на кожата дури и по миењето, а во голема мера се излачува од пределот на градите и грбот.

Постојат неколку работи кои можат да го зголемат интензитетот на мирисот: затворени простори,

валкани алишта и дехидрација. Болеста и лековите исто така може да придонесат за мирисот.

Студија од 2001 година објавена во Journal of Investigative Dermatology (списание за истражувачка

дерматологија) покажала дека постарите субјекти имаат поголема концентрација на ноненал што се

лепи за нивната облека.

Една понова студија од 2012 година сугерира дека способноста на луѓето да го разликуваат мирисот

на старите луѓе од другите може да биде поврзана со потсвесната врска со предците. Како и

животните, тие би можеле да ја одредат возраста и здравствената состојба на некој според

мирисот.

Јапонците имаат име за мирисот – кареишу – и многу компании во земјата направиле производи за

борба против него. Постојат средства за миење на телото, парфеми и други дезодоранси кои имаат

цел да помогнат во неутрализирање на мирисот. Се вели дека една состојка, persimmon (јапонско

јаболко, каки), наводно, целосно го отстранува од кожата.

Како и да е, постојат некои работи што може да се направат за да се борите против она што

потекнува од кожата. Вежбањето помага во метаболизмот, така што вклучувањето во физички

активности може да помогне да се одржат избалансираните хормони и да се намали нивото на

стрес. Друг клучен чекор е редовно перење на алиштата.

Бидејќи ноненалот лесно може да се акумулира на облеката, можеби ќе треба почесто да ја перете

облеката. Јадењето здрава исхрана која вклучува многу антиоксиданти и вода може да ѝ помогне

на кожата. Дехидрацијата не само што ја суши кожата, туку може да придонесе и за мириси кои се

шират од устата и телото.

Хигиената е само еден чекор, но една од наједноставните работи што можете да ги направите е да

пуштите да влезе малку свеж воздух внатре! Стареењето е неизбежно и тоа е природен дел од

животот телото да се менува. Меѓутоа, покажувањето на сочувство, почит и љубов кон

повозрасните е нешто што никогаш нема да застари.

Повеќе