Секојдневно се поврзуваме со луѓето. Без разлика дали се тоа нашите деца, пријателите,
семејството или колегите од работа. Некои врски се подлабоки и поповрзани од другите. Кога
односите што ги имаме дома со нашите деца се градат врз основа на взаемна почит и доверба, тоа
не само што создава силни семејни врски, туку и многу им помага на детската самосвест и чувство
на припадност.
Детскиот психолог, едукаторка за воспитување и мајка, Џејми Блох, открила седум начини на кои
таа самата развива почит и доверба со своите деца, а родителите кои ги применуваат можат да ја
постигнат истата цел.
Давање слобода на децата да пробуваат нови работи.
Разговор соодветен на нивната возраст
Слушање и покажување интерес за она што ги интересира.
Потврдување и признавање на нивните емоции и сочувствување со нив.
Комуницирање и објаснување на донесените одлуки.
Давање простор за автономна, независна и креативна игра.
Семејно поврзување преку игра која е насочена кон нивните интереси.
„Кога односите што ги имаме дома со децата се градат на взаемна почит и доверба, се создаваат
силни семејни врски. Темелите на позитивниот однос меѓу родителите и децата се градат на
отворена комуникација, активен процес на решавање конфликти и афирмација на безусловна
љубов. Запомнете, не е важно колку години има вашето дете, можете да започнете со овие навики
додека се на која било возраст“, заклучува психологот.