За снаите и свекрвите: Каков ви е односот со вашата?

Дали се навистина толку лоши односите снаа и свекрва? Прочитајте што покажува истражувањето, но кажете го и вашиот коментар

210

Вики живее во Џорџија и има две возрасни деца. И двајцата се во брак. Смета дека има добри

односи со сопругот на нејзината ќерка, но како свекрва не може да го каже истото за сопругата на

нејзиниот син.

„Кога син ми ја запозна својата идна сопруга, добро се сложувавме. Тие се во брак 18 години и

денес, за жал, сфаќам дека е вистинита изреката: „Сѐ е во ред додека синот не се ожени“. Јас не се

мешам во нивните проблеми, но снаа ми се однесува кон мојот син како кон слуга и тоа

предизвика раздор меѓу нас“, изјавила Вики за Yahoo Life.

И покрај тензиите, Вики вели дека е трпелива и дека за снаата им зборува само позитивно на синот

и внукот. Сепак, поради личното искуство, шегите за свекрвите како иритирачки ликови ја

иритираат.

„Тоа тврдење не е фер бидејќи свекрвата не е секогаш одговорна за семејните конфликти“, вели таа.

Колку е драматичен односот меѓу снаите и свекрвите?

Истражување од 2020 година покажало дека само 15 отсто од анкетираните свекрви и снаи

чувствуваат дека имаат проблематична врска. Повеќе од половина веруваат дека нивната врска е

позитивна, додека останатите се чувствуваат неутрално.

Тоа е подобрување во однос на истражувањето од 2011 година, во кое 24 отсто од жените изјавиле

дека имаат лош или ужасен однос со нивната свекрва. 35 отсто ги опишале своите свекрви како

„осудувачки“, и често се гледа на нив како на нарушувачки (32 отсто), контролирачки (25 отсто) и

груби (22 отсто).

„Во многу случаи, свекрвите имаат хармонични односи со партнерките на нивните синови, но

поголема е веројатноста да слушнете за тензии. Многу свекрви не разбираат дека се наметливи. Тие

имаат чувство на сопственост над нивните синови и веруваат дека можат да ги изразат своите

грижи“, вели психологот Барбара Гринберг.

Според Гринберг, најдобриот совет што може да им го даде на свекрвите е да се воздржуваат од

давање мислења. Предлага и снаите да размислат зошто нивната свекрва нешто кажала или како

таа се чувствува и да не реагираат веднаш.

„Ако како свекрва сакате да дадете совет, прво побарајте дозвола од синот или снаата. На тој начин

ги почитувате нивните граници“, додава психологот.

Не мора совршено да се согласувате со вашата свекрва или снаа. Запомнете дека на крајот е најважна благосостојбата на семејството.

Повеќе