Ако дремнувате преку ден, си го одложувате стареењето

Тим од научници покажал дека мозокот на луѓето кои дремеле во текот на денот е поголем за 15 кубни сантиметри – што е еквивалентно на одложување на стареењето меѓу 3 и 6 години

171

Редовното наоѓање време за малку сон во текот на денот е добро за мозокот и му помага да остане поголем подолго време, пишува Би-Би-Си, повикувајќи се на научниците од Универзитетскиот колеџ во Лондон.

Имено, овој тим од научници покажал дека мозокот на луѓето кои дремеле во текот на денот е поголем за 15 кубни сантиметри – што е еквивалентно на одложување на стареењето меѓу три и шест години. Научниците препорачуваат оваа дремка да биде пократка од половина час.
Но, краткиот дневен сон е предизвик за секоја кариера бидејќи е доста тешко да се спие на работа.

„Сугерираме дека, потенцијално, секој може да доживее некаква корист од дремењето“, вели д-р Викторија Гарфилд. Таа ги опишала откритијата како „прилично нови и возбудливи“.

Дневните дремки се важни за бебињата, тие стануваат сѐ поретки со текот на годините, а луѓето им се враќаат на дневните дремки кога ќе се пензионираат. Дваесет и седум проценти од луѓето над 65 години се релаксираат со дремење во текот на денот.

Д-р Гарфилд вели дека спроведувањето на советите за кратки дневни дремки е многу полесно отколку, на пример, оние за слабеење или вежбање, кои се тешки за многумина.

Мозокот природно се намалува со возраста, а дали дневниот сон може да спречи болести како што е Алцхајмеровата болест, останува прашање за друга студија.

Повеќе