Ако ги правите овие две работи, најверојатно имате траума од детството

Ако сме имале родители кои постојано не критикувале и гледале проблем во секоја наша постапка или одлука, ќе размислуваме на ист начин и кога ќе пораснеме.

366

Траумите од детството ни оставаат трага дури и кога ќе пораснеме, објаснуваат психолозите. Со оглед на тоа што голем број од денешните возрасни лица се воспитувани во согласност со различни методи на принуда, уцени или закани, сето тоа остава последици врз личноста.

Некогаш телесното казнување, исто како и викањето, се сметаше за нормално воспитување, а иако тоа можеби не го забележуваме на прв поглед, ваквиот начин на однесување на нашите родители и тоа како оставаат трага. Но, како да препознаеме дека некое лице има траума од детството? Постојат неколку знаци кои укажуваат на тоа.

Прво, луѓето кои искусиле каква било форма на вербална или физичка злоупотреба како деца имаат тенденција постојано да замислуваат негативни сценарија. Ова на англиски се нарекува „overthinking“ и значи прекумерно размислување, честопати негативно, што значително влијае на нашето ментално здравје.

Станува збор всушност за автоматизирани негативни мисли кои се надвор од контрола на човекот, а во повеќето случаи се појавуваат токму како резултат на траума од детството. Ако сме имале родители кои постојано не критикувале и гледале проблем во секоја наша постапка или одлука, ќе размислуваме на ист начин и кога ќе пораснеме.

Друга работа што често ја прават луѓето кои носат трауми од детството е неможноста да прифатат каква било критика од други луѓе, обично претпоставени, колеги на работа или љубовни партнери. Дури и кога станува збор за конструктивна критика, луѓето со детска траума ќе се чувствуваат помалку вредни и ќе ја перципираат критиката како одреден тип на напад.

Повеќе