Необичен знак кој покажува дека детето е натпросечно интелигентно

Иако знаците како што се голема љубопитност, одлични оценки, рано читање и добра меморија може да бидат некои од главните знаци на натпросечна интелигенција кај детето, постојат и некои посуптилни симптоми кои огромното мнозинство родители не ги препознаваат.

495

Сите родители сакаат нивните деца да пораснат во среќни, успешни и паметни луѓе. Како што објаснуваат експертите, родителите често се прашуваат колку е нивното дете интелигентно и како можат да препознаат дали е некако понадарено од своите врсници.

Иако знаците како што се голема љубопитност, одлични оценки, рано читање и добра меморија може да бидат некои од главните знаци на натпросечна интелигенција кај детето, постојат и некои посуптилни симптоми кои огромното мнозинство родители не ги препознаваат.
Еден од овие знаци е тешкотијата да се сложува со другите деца.

Иако на почетокот звучи контрадикторно, експертите велат дека може да биде многу фрустрирачко за натпросечно интелигентно дете да се дружи со своите врсници бидејќи често не може да разбере зошто другите деца не можат да го следат.

Исто така, бројни студии на оваа тема открија дека надарените деца можат да бидат почувствителни од нивните врсници, па полесно се вознемируваат или тагуваат кога нивните врсници ги оставаат надвор од одредена активност или ги задеваат во некоја ситуација.

Повеќе