Aко го смирувате детето со помош на дигитални уреди, правите голема грешка!

Ако родителите редовно користат дигитални уреди за да ги смират своите деца, тоа доведува до проблеми со регулацијата на емоциите, што може да предизвика потешкотии со управувањето со гневот подоцна во животот.

745

Во последниве години, родителите и старателите имаат тенденција да им даваат на децата дигитални уреди за да ги смират кога детето има излив на бес.

Но, според студијата спроведена на Универзитетот Еотвос Лоранд во Унгарија, ова е голема грешка.

Според студијата, ако родителите редовно користат дигитални уреди за да ги смират своите деца, тоа доведува до проблеми со регулацијата на емоциите, што може да предизвика потешкотии со управувањето со гневот подоцна во животот.

„Испадите на гнев не можат да се излечат со дигитални уреди.

Децата мора да научат како да управуваат со сопствените негативни емоции.

За време на овој процес на учење, им треба помош од нивните родители, а не помош од дигитален уред”, вели авторот на студијата д-р Вероника Конок.

Таа објаснила дека детето не може да научи да ги регулира своите емоции со дигитални уреди.

„Често гледаме родители кои користат таблети или паметни телефони за да го одвлечат вниманието на своето дете кога детето е вознемирено.

Децата се фасцинирани од дигиталните содржини, па ова е лесен начин да се запре бесот и е многу ефикасен на краток рок.

Меѓутоа, ако свеста на луѓето за дигиталните уреди како несоодветни алатки за лекување на нападите на бес не се зголеми, менталното здравје и благосостојбата на децата ќе се влошат“, предупредила професорката Каролин Фицпатрик од канадскиот универзитет Шербрук.

Децата кои се смируваат со паметните телефони се помалку способни да ги контролираат својот гнев и фрустрација.

Во истражувањето учествувале повеќе од 300 родители на деца на возраст од две до пет години.

Тие пополниле прашалник кој ја проценувал употребата на медиумите од страна на децата и родителите.

Според наодите, кога родителите користеле дигитални уреди за да помогнат во регулирањето на емоциите, децата покажале послаби вештини за управување со гневот и фрустрацијата една година подоцна.

Студијата е објавена во списанието Frontiers in Child and Adolescent Psychiatry.

Повеќе