Ако имате проблем кој класичната медицина не може да го лоцира… Како изгледа прегледот кај ајурведски лекар?

Ние, луѓето, најчесто се определуваме за алтернативни форми на медицина дури откако ќе пробаме сè што подразбира класичната медицина и ништо од тоа нема да ни помогне. Сепак, факт е дека ајурведата како една од најстарите медицински науки има сè повеќе следбеници и на Запад, па дури и кај нас. Таа веќе не е прашање на тоа дали веруваме или не, туку филозофија на животот.

283

Ако не се чувствувате добро, ако сте преморени или имате некој конкретен проблем, а класичната медицина не може да ја открие причината, веројатно сте помислиле и на тоа да си го побарате лекот во некоја друга алтернативна медицина. Не пример, ајурведата е една од најстарите форми на медицина во Индија чие систематизирано знаење, велат, настанало илјадници години пред Христа (пр.н.е.).

Но ние луѓето, најчесто се определуваме за оваа и слични алтернативни форми на медицина дури откако ќе пробаме сè друго и ништо од тоа нема да ни помогне. Сепак, факт е дека ајурведата има сè повеќе следбеници и на Запад, па дури и кај нас. Таа веќе не е прашање на тоа дали веруваме или не, туку филозофија на животот.

Ајурведа Македонија е лидер на Балканот во областа на ајурведската медицина, природниот начин на лечење, козметика и другите здрави навики. Основана е пред 15 години и секој кој сака може кај нив да си закаже преглед кај ајурведски доктор.

Наскоро, поточно веќе на почетокот од следниот месец доаѓа во Скопје ајурведскиот специјалист Шјам Прасад кој им помогнал на илјадници луѓе ширум Европа да живеат поцелосен и поздрав живот.

Но пред да закажете, веројатно сакате да знаете или барем да имате претстава што ве очекува.

Како изгледа ајурведскиот преглед?

Дијагнозата на пулсот е древна уметност и наука за одредување на статусот на телото, умот, душата и духот. Секоја клетка од нашето тело остава единствен сигнал во срцето преку различни канали. Пулсот е витален проток на енергија што минува низ суптилни канали низ телото, а за да се извежба поставувањето дијагноза, ајурведскиот лекар треба да го послуша пулсот на барем 10.000 пациенти.

Ајурведскиот преглед се состои од три дела:
Набљудување (Darshan) – општото здравје на пациентот се проценува врз основа на неговиот изглед, движење, држење на телото, бојата на кожата, изразот на лицето, квалитетот на усните, косата и ноктите.
Допир (Sparsha) – по набљудувањето, ајурведскиот лекар применува допир, вклучително и палпација (притискање на делови од телото), слушање звуци кои ги произведуваат внатрешните органи (shrvanaa) и перкусија и тапкање (akotana). Посебно внимание се посветува на пулсот, изгледот на јазикот, ноктите и говорот. Вклучено е и лабораториско тестирање.
Прашања (Prashna) – лекарот му поставува прашања на пациентот за неговите симптоми и поплаки, како и за времетраењето на нарушувањата и прогресијата на болеста.
Исто така, се испитува менталната и психолошката состојба на пациентот. Ајурведската дијагноза и третмани се различни од западните и не само што ја дијагностицираат болеста (наречена roga), туку и состојбата на пациентот (наречена rogi). Деталниот преглед му овозможува на ајурведскиот лекар да го препознае нарушувањето и да го одреди третманот за секој пациент посебно. Ajурведскиот лекар го опфаќа целото човечко битие, верувајќи дека луѓето имаат резерви на енергија што ќе им овозможат да се вратат во состојба на здрава рамнотежа.

Повеќе