Ако научиш да готвиш, што ќе сум ти јас после? Како родителската сепарациска анксиозност создава зависни деца

Нерешената сепарациска анксиозност од нивните родители се пренесува на децата, па возрасните луѓе зависат од своите деца, правејќи ги нив зависни од себе и несамостојни за живот.

159

Кога родителот го прави она што детето може да го направи само или со негова помош, тој не му ги пренесува функциите неопходни за самостоен живот, го онеспособува и затоа (најчесто несвесно) го прави зависен од себе – од своите финансии, ако, на пример, таткото не му го пренесува својот занает на синот, не го вклучува во своите активности или го вклучува, ама постојано вербално и невербално му кажува дека е неспособен, зелен, лигав, детиште, го исмејува, се натпреварува, постојано истакнува како има повеќе искуство од него и низ што поминал во животот;

Или мајка која не ја учи ќерка си да готви и ѝ вели дека ѝ е полесно сама, да не се меша, дека не знае, дека е неспособна, дека ќе се изгори. ќе се повреди…

Тие се стереотипни примери, но во практиката и натаму се најчести.

И синот и ќерката добиваат потврда на зборовите на родителот во реалноста бидејќи во тој момент тие се и навистина смотани и грешат затоа што првпат учат нешто и тогаш се заклучува длабоко убедувањето дека не се способни за нешто, дека се зелени, глупави итн… И дека секогаш во животот треба да се потпрат на родител или на некој друг.

Една мајка ѝ рекла на својата возрасна ќерка: „Ако го научиш тоа (да готвиш) што ќе сум ти јас после“.

Нерешената сепарациска анксиозност од нивните родители се пренесува на децата, па возрасните луѓе зависат од своите деца, правејќи ги нив зависни од себе и несамостојни за живот.

Во горенаведените примери, добро е кога нешто ги учите децата, да ги охрабрувате кога прават грешки, обидувајќи се да ги исправите со оптимизам и позитивен став. Тоа е многу корисно.

Во партнерските односи, кога едниот партнер прави многу за другиот, во позадина може да стои чувство на страв од напуштање – морам да правам се за да не можеш без мене.

И таму можете да ги насетите проблемите и незадоволствата во односот „возрасен-возрасен“ што ќе се појават. Намалена самодоверба кај двајцата партнери, исфрустрираност, постојано разочарување, повреденост, чувство на лишеност, невозвратеност итн…

Но, врската не се напушта, бидејќи најголем страв е да се биде сам, односно преголема е сепарациската анксиозност.

Повеќе