Нова мода меѓу трудниците: Шарените труднички стомаци ги освојуваат социјалните мрежи

Насликаните труднички стомаци за некого можеби се вистински хит, ама некои едноставно не гледаат смисла во тоа па се прашуваат: Што се случува со светот, трудници, бебиња, деца, баби, сите сакаат да бидат во центарот на вниманието, сите станаа инфлуенсери. Некои и пред да се родат, а некои кога баш и не им личи

167

Во ерата на социјалните мрежи, секојдневно сме сведоци на нови и нови успешни и неуспешни обиди да се биде во центарот на вниманието. Еве сега некои се наоѓаат на социјалните мрежи и стануваат инфлуенсери уште пред да се родат. Да, зборуваме за таканаречената „трудничка уметност“. За некои можеби е тоа вистински хит, ама некои едноставно не гледаат смисла во тоа па се прашуваат: Што се случува со светот, трудници, бебиња, деца, баби, сите сакаат да бидат во центарот на вниманието, сите станаа инфлуенсери.

Во денешно време, постојат многу креативни начини за идните мајки да ја прослават својата бременост и да ги задржат спомените од овој посебен период во нивниот живот. Додека некои избираат едноставни, но елегантни портрети за време на бременоста, некои се капат во млеко, а некои прават подводни фотографии.

Меѓутоа, во морето различни фотографии од бременоста се издвојуваат оние со насликани труднички стомаци. Еве како изгледаат некои од нив, па вие проценете дали следниве „дела“ се слатки или не баш толку слатки….

Повеќе