Бебе тешко 6,5 килограми поставило болнички рекорд за најголемо новороденче

На почетокот на оваа година, жена во Бразил роди момче тешко 7.257 грама, додека Гинисовиот светски рекорд за најтешко бебе го држи Италијанец роден во 1955 година. Тој тежел 10,2 килограми.

221

Бритни и Ченс Ејрес очекувале големо бебе, но биле шокирани кога по раѓањето на синот Сони дознале дека момчето тежи 6.577 грама, што е двојно повеќе од тежината на просечното новороденче.

Сони е роден со царски рез во болницата Кембриџ Меморијал на 23 октомври. Според д-р Аса Ахимбисибве, тој е најголемото бебе од почетокот на мерењата во 2010 година.

„Кога го ставија Сони на вага, се обложуваа на тоа колку тежи“, вели таткото за Today.

Ова е петто дете на парот, а воедно и најтешко. Според Американското здружение за бременост, повеќето бебиња родени помеѓу 39-та и 40-та недела од бременоста тежат помеѓу 2700 и 4000 грама.

Мајката Бритни вели дека немала гестациски дијабетес, состојба која, доколку не се лекува, може да предизвика преголем раст на бебето.

„Поради стомакот знаев дека ќе биде големо бебе. Бременоста воопшто не ми недостасува“, изјавила таа.

Сони се храни здраво, а медицинските сестри биле воодушевени од неговиот апетит. Просечно новороденче пие околу 20 милилитри млеко по оброк, а ова веднаш испило 90.

На почетокот на оваа година, жена во Бразил роди момче тешко 7.257 грама, додека Гинисовиот светски рекорд за најтешко бебе го држи Италијанец роден во 1955 година. Тој тежел 10,2 килограми.

Повеќе