Целосна забрана за мобилни телефони во училиштата – Децата ни се неписмени

Нов Зеланд со години бил на врвот во писменоста, но нивото на читање и пишување е намалено. Толку многу што експертите сметаат дека државата е во образовна криза и дека се неопходни мерки.

233

Изгледа дека ситуацијата со образованието е сѐ полоша и тоа, во целиот свет. Новите анализи покажаа дека значителен процент од децата, па дури и тинејџерите во многу земји се функционално неписмени. А виновникот изгледа се мобилните телефони.

Така Нов Зеланд ќе ги забрани телефоните во училиштата. Причината е драматичен пад на писменоста, изјави премиерот на оваа земја Кристофер Луксон.

Нов Зеланд со години бил на врвот во писменоста, но нивото на читање и пишување е намалено. Толку многу што експертите сметаат дека државата е во образовна криза и дека се неопходни мерки.

Така Нов Зеланд им се придружува на САД, Обединетото Кралство и Франција во забраната на телефоните.

„Ќе ги забраниме телефоните во училиштата. Сакаме нашите деца да учат“, рекол тој.

Патем, било утврдено дека повеќе од една третина од петнаесетгодишниците во Нов Зеланд не знаат доволно добро да читаат и да пишуваат, што е вистинска криза на писменоста.

Се верува дека ситуацијата е слична во многу развиени земји.

Повеќе