Да се доживее стотата… Американка која месецов ќе полни 101, сè уште работи 4 дена во неделата (ВИДЕО)

Џејн Барнс не планирала секогаш да работи дури и после стотата година. Но, сега планира да го прави тоа сè додека може или додека сакаат да ја имаат на нејзиното работно место. Еве кој е нејзиниот најдобар совет за долга, среќна кариера

375

Американката Џејн Барнс повеќето утра вози сама околу 20 минути од нејзината куќа во Синсинати до Мејсон, Охајо за да ја заврши својата смена како кројачка за ткаенини со скратено работно време во продавницата Joann Fabric and Crafts.

Таа работи во продавницата веќе 26 години – и сè уште ова ѝ е еден од омилените начини да го поминува времето. „Уживам во она што го работам, па сакам да продолжам да го правам тоа“, вели таа. „Ќе работам онолку долго колку што можам или додека тие ме сакаат мене“.

Барнс, која на 26 јули ќе наполни 101 година, почнала да работи во продавницата во 1997 година, само неколку месеци откако починал нејзиниот сопруг Дик. Нејзината ќерка, Дона Барнс, работела во продавницата со скратено работно време и ја препорачала мајка си мислејќи дека тоа може да ѝ биде добро за да ѝ го одвлече вниманието од тагата.

Стогодишната жена, која била книговодителка во поголемиот дел од нејзината кариера, се обидела да се пензионира неколку пати во текот на нејзините 70-ти и 80-ти години, но се „откажувала“ само неколку месеци подоцна, бидејќи ѝ недостасувала рутината и ручеците со своите колеги.

„Уживам да разговарам со сите со кои работам и да ги запознавам клиентите кои се многу добри“, вели таа, „дури и ако некои од нив се изненадени кога ме гледаат на масата за кроење“.

На крајот на краиштата, не постои тајна за живеење подолг, посреќен живот, вели Барнс, но „работењето помага“.

Нејзиниот совет за кариера број 1
Во текот на нејзината повеќедецениска кариера, Барнс научила дека има една заедничка карактеристика на сите „најдобри работни места“, а тоа се добрите соработници.

„Важно е да се најдат луѓе кои се пријателски настроени и љубезни“, вели таа.

Во продавницата во која работи последните 26 години, Барнс склопила блиски пријателства со некои нејзини колеги, вклучувајќи ја и Меги ХусВар, инаку, студентка која ја запознала со Тик-Ток за време на пауза за кафе. Тие две направиле заедно неколку видеа на Тик-Ток, танцувајќи во просторот за одмор во продавницата и разговарајќи за некои од омилените спомени на Барнс (како оној за тоа како го запознала нејзиниот сопруг). Едно од видеата има над девет милиони прегледи.

@maggiehusvar

jayne loves you all so much and i am so thankful for all of you loving on here. we are just beginning sharing jaynes story! #wholesometiktok

♬ original sound – Maggie

Минатото лето, нејзините колеги ја изненадиле со роденденска забава за да го прослават нејзиниот стоти роденден.

Имањето добри работни односи не само што ја прави вашата работа попријатна – тоа може да направи времето да минува побргу, што според Барнс може да ви помогне да живеете подолго.

„Да се остане зафатен ве спречува да се фокусирате на вашите болки“, вели таа. „Ви олеснува да продолжите“.

Советите за кариера на Барнс се поддржани од 85-годишното истражување на истражувачите од Харвард, кое покажало дека позитивните врски се она што ги прави луѓето среќни во текот на нивниот живот.

Ова се однесува и на нашите работни места: Студијата покажа дека најнесреќни работни места се оние кои се најосамени и вклучуваат повеќе независна работа отколку меѓучовечки односи или бараат смени во текот на ноќта, како што се возење камиони и ноќно обезбедување.

„Позитивните односи на работа доведуваат до пониски нивоа на стрес, поздрави работници и помалку денови кога се враќаме дома вознемирени“, пишуваат двајца од истражувачите, д-р Роберт Валдингер и д-р Марк Шулц, во својата книга “The Good Life.” Едноставно не прават посреќни“.

Повеќе