Што да правите кога детето се плаши од вода?

Што да направите кога детето се плаши од вода? Дали овој страв е нормален? Како да се реагира? Што да се избегнува?

120

Пливањето во море, базени, реки или езера е незаменлив дел од летото за речиси сите. Меѓутоа, на многу родители летните планови им го расипува нешто што не го планирале им пречи на нивните летни планови – детскиот страв од вода.

Што да направите кога детето се плаши од вода? Дали овој страв е нормален? Како да се реагира? Што да се избегнува?

За сето ова зборува психологот Мартина Ковачиќ, која е и мајка на три деца.

Стравот од вода кај малите деца е многу чест, а од еволутивна гледна точка тој е всушност корисен. Секогаш преживувале или оние агресивните или анксиозните, кои благодарение на својот страв избегнувале потенцијално опасни ситуации. Тоа ни останало генетски запишано. Денес, кога детето е чувано од десет страни, а водата е плитка и нема ајкули, тој страв веќе не е наменски. Сепак, детето мора да собере доволно позитивни искуства за да го надмине овој страв, вели таа.

А еве што предлага за да го надминете овој родителски предизвик во само неколку едноставни чекори.

Бидете што е можно помирни, без драма и без споредби
Многу е важно да не се прави драма и да не се присилува детето да влезе во вода. Избегнувајте реченици од типот „Гледај ја твојата сестра/брат како убаво се бања, гледаш дека е убаво. Не се плаши!“ Со ваква негативна споредба поттикнуваме срам и уште поголемо повлекување на детето. Од друга страна, сосема е бесмислено да му кажете на детето да не се плаши. Тоа е исто како да му кажете да не му е ладно додека тоа трепери од студ.

Објаснете му на детето дека стравот е нормален
Прашајте го детето како е, дали мисли дека водата е страшна. Потоа кажете му дека можете да видите дека се плаши и дека е тоа сосема во ред бидејќи и вие кога сте биле дете сте се плашеле од тоа. Кажете му дека на некои луѓе им треба помалку, а на некои повеќе време да соберат храброст, но дека сигурно ќе соберат.

Постепено приближувајте го детето до водата
Добро е детето полека, лежерно, постепено и низ игра да пристапува кон водата. Добро е дури и малку да се „игнорира“, односно да се „остави настрана“ тој страв и да се остави детето да ја надмине емоцијата со свое темпо и да ѝ пријде на водата водено од љубопитноста.

Иако ваквото однесување на детето не е во согласност со нашата идеја за летен одмор со дете, треба да се знае дека една година во животот на малото дете прави огромна разлика во неговото созревање и дека може многу лесно да се случи веќе следното лето истото дете да не сака да излезе од вода.

Што ако стравот продолжи и во зрелоста?
Како што вели психологот, стравот кај децата од вода е сосема нормален бидејќи се работи за созревање и собирање позитивни искуства. Сепак, кај возрасните веќе можеме да зборуваме за фобии или анксиозности.

Во тој случај, ако овој страв е проблем за личноста, го попречува да функционира и создава премногу избегнувачки однесувања, има смисла да се работи на тоа.

Повеќе