Дали ги учите своите ќерки да не бидат оние „пакосни девојчиња“?

Зошто да не се обидеме да ја излечиме културата на „пакосни девојчиња“, која колку и да се обидуваме да ги разубавиме работите и да ги завиткаме со панделка – стана реалност. Да, има девојчиња кои сакаат да ги повредат своите другарки. Тоа го прават многу свесно, намерно, уживајќи во резултатите од нивниот „напор“. А ги има сѐ повеќе и се сѐ погласни.

130

Да, постојат девојчиња кои сакаат да ги повредат своите другарки. Тоа го прават свесно, намерно, уживајќи во резултатите од нивниот „напор“. Јас моите ќерки ги учам да не прават така. И тоа не онака патем, преку критикување и карање.

Се сеќавам на денот кога влегов во дворот на моето ново училиште, како некој да ме удри во стомакот. Бев шесто одделение и штотуку се преселивме. На почеток одев во друго училиште и два месеца ги молев моите родители да ме префрлат затоа што девојчињата беа многу злобни. И сега, кога се навраќам на тој период, неверојатно е колку беа сурови.

Почувствував олеснување кога моите родители се согласија. Но, набрзо сфатив дека не е важно во кое училиште одиш, злобните девојчиња се насекаде!

Веднаш ме прифати една група на девојки. Ме поканија да седнам на нивната клупа. Не знаев дека ја избркале другата девојка за да седам до нив. Бев благодарна што имав пријатели. Но, и малку наивна. Можеби затоа што пораснав во куќа во која се подржувавме, па претпоставував дека така ќе биде и кога „ќе излезам во светот“.

Но, еден ден кога пристигнав во училишниот двор и погледнав кон клупата каде што седев изминатата недела, таа беше зафатена. Двете девојки кои беа „лидери“ ме погледнаа, си шепнаа нешто и сите ми се смееја.

Срцето ми се стегна. Отидов до клупата и прашав: „Има место за мене?“ Имав чувство дека срцето ќе ми скокне од градите.

Не се сеќавам што рекоа, но разбрав бидејќи се свртив и барав друга клупа. Видов клупа каде што немаше никој и седнав. Сакав да плачам. Но, не се расплакав.

На одморите седев сама. Сите ние сме имале вакви искуства кога другите девојки биле злобни кон нас.

Еднаш, откако колегата му шепна нешто, еден наставник дојде кај мене со сочувствителен поглед на лицето и ме праша нешто на кое сега не можам да се сетам. Но, сметав дека не можам да му се обратам за поддршка и помош. Не можев на ниеден наставник.

Знам дека со текот на времето се приклучив на друга група деца. Во следните две години колку што живеевме овде, имав и убави искуства. Всушност, стекнав и пријатели, а со некои од нив и денес сум во контакт. Но, тие две девојки продолжија да ме малтретираат и да бидат насилници. Да, сега можам да го наречам тоа врсничко насилство, бидејќи како возрасна разбирам што навистина се случувало. Тие беа вид на „пријатели“ кои ќе ве поканат кај себе за да си помислите: „О, добро! Повторно сме пријатели!“ И тогаш ќе сфатите дека сте поканети само за да зборуваат за вас или да ве понижат на некој начин.

Кога некој ги повредува другите, тоа е затоа што и самиот е повреден
Пред некој ден, една моја пријателка ми кажа дека им мавнала на две мајки што разговарале, а тие ја гледале и ѝ се смееле. Тоа се случува во детството. А може да се случи и меѓу возрасни жени.

Знам дека кога некој ги повредува другите, тоа е затоа што и самиот е повреден. И, исто така, знам од праксата на советувалиштето за родители, дека кога животот на нашите деца ќе го помрачат нашиот, всушност ние (свесно или несвесно) се сеќаваме на сопствените искуства – кога сме биле повредени, отфрлени или сме се чувствувале предадени. Сите тие стари искуства, иако излечени, се враќаат и не прават нежни и чувствителни.

Што произлегло од моето искуство со „злобните девојки“?

Кога ќе погледнам наназад и кога ќе видам каква личност станав, можам да кажам дека сум личност која ги вклучува другите. Станав некој што го гледа аутсајдерот и сака да го прифати и да го вклучи во групата. Станав некој кој е добар во тоа некој нов и несигурен да се чувствува како дел од тимот.

Ја применив истата особина и способност за вклучување и на својот внатрешен свет на чувства и искуства.

Станав личност која „вклучува“ и во своето семејство

Како родители, мојот сопруг и јас се обидуваме да моделираме сочувство и емпатија кај нашите деца. Се трудиме да создадеме „постојан простор“ за нашите деца свесно да именуваат и да изразуваат сѐ што се случува во нив.

Во добрите денови можам да кажам: „Ќе останам покрај тебе“. Јас ќе бидам со тебе во ова“. И, се разбира, има денови кога сум лошо, но успевам да протуркам. И потоа почнуваме повторно. Се враќаме заедно, па дури и го вградуваме тоа искуство во нашиот човечки и несовршен начин да бидеме семејство.

И нашето семејство стана група на луѓе кои „вклучуваат“
Се грижиме за заедницата и за создавање простор за луѓето – во нашиот дом, во нашите животи, во нашите срца – за возрасните и децата да се чувствуваат сакани, вклучени и прифатени такви какви што се.

И… овие искуства сè уште ме прават чувствителна. И тоа е добро, дури и свето, затоа што се отворам за да ги видам раните кај другите и да бидам нежна со нив.

Ме прави навистина нежна кога се моите ќерки во прашање. Тоа ме предизвикува, ме воздигнува и нуди можност да ја продлабочам мојата практика на внимателност и сочувство – да го отворам моето срце уште пошироко.

Се надевам дека сите девојки еден ден ќе споделат приказни како:

„Мајка ми ме слушаше додека ме галеше по косата, додека седеше со мене, а јас споделував што се случува и како се чувствувам“.

Мајка ми не паничеше поради сопствените стравови и болки. Таа седеше со мене и ме прашуваше за моите идеи и што ми треба. Таа чекаше и слушаше слушајќи го она што е кажано и некажано, создавајќи безбеден простор за мене“.

„Моите родители ќе застанат зад мене и ќе бидат тука за мене во ситуации во кои треба да се вклучат и возрасните. Тие не би дејствувале од страв или гнев“.

„Научив да кажам: ТОА НЕ Е ВО РЕД!
„Научив како да гледам јасно. Научив да не мислам дека нешто не е во ред со МЕНЕ. Научив да не си вртам грб на себе, туку да се грижам за себе“.

„Научив со сочувство да именувам – за себе и за другите – што се случува.

„Научив да зборувам. Научив да зборувам за себе, но и за другите наспроти неправдата – на игралиштето, во ходниците на средното училиште или на меѓународните мировни преговори“.

Ова е она што јас им го моделирам на моите ќерки, ова е просторот што го создавам за нив. Не е совршено, но го правам најдоброто што можам.

Затоа што вака ја лечиме културата на „злобните девојки“ – ги поддржуваме, вклучуваме, сакаме, ги зајакнуваме и почитуваме нашите девојки. И тоа го покажуваме со начинот на кој се однесуваме кон другите жени.

Текстот е од ТУКА.

Повеќе