Дали постои сезона на разводи? Повеќето луѓе се разведуваат во два месеци во годината

Податоците собрани во 2016 година покажуваат дека постои врв во тајмингот на поднесување барање за развод, кој се случува во март и во април. Еве и зошто…

195

Дали навистина постои сезона на разводи? Според една студија на Универзитетот во Вашингтон, да. Навистина постои период од годината кога браковите се со поголема веројатност да се распаднат.

Податоците собрани во 2016 година покажуваат дека постои врв во тајмингот на поднесување барање за развод, кој се случува во март и во април. Истражувањето го составиле професорката по социологија Џули Бринс и докторантот Брајан Серафини, кои заклучиле дека тој врв укажува на тоа дека паровите поднесуваат барање за развод по зимските празници.

„На почетокот на годината постои надеж за нов почеток, но тој оптимизам се менува по завршувањето на празниците“, објаснуваат тие.

Што друго заклучиле? Дека празниците можат да бидат смртоносни за врската.

„Во празниците секогаш влегуваме полни со очекувања и се трудиме да ги направиме што е можно попосебни, но кога ќе завршат, останува тажната реалност која се криела зад празничното расположение.

Повеќе