Дали сте од оние кои им посветуваат внимание на своите деца само додека снимаат видео? Еве какви трауми би можеле да имаат децата на инфлуенсерите во иднина

Иако за некои мајки тоа е многу практично и погодно, бидејќи истовремено можат да останат дома и многу добро да заработат, всушност, оваа ситуација може да биде меч со две острици.

275

Луѓето сè повеќе доброволно ги покажуваат своите животи на социјалните мрежи, особено кога станува збор за мајките -инфлуенсерки. Нивните животи и животите на нивните семејства на тој начин стануваат нивен бренд и содржина, од кои на крајот и заработуваат пари.

Иако за некои мајки тоа е многу практично и погодно, бидејќи истовремено можат да останат дома и многу добро да заработат, всушност, оваа ситуација може да биде меч со две острици. Вистинската цена на ваквиот начин на живот, посочуваат експертите, ќе се знае дури кога нивните деца ќе пораснат.

Кортни Ланџ, која објавува содржини на Тик-Ток, објави видео од имагинарен телефонски разговор помеѓу мајката-инфлуенсерка и нејзиното сега веќе возрасно дете. Дефинитивно вреди да се гледа, иако може да ви остави горчлив вкус во устата.

Во виралното видео гледаме дете кое е очигледно луто на својата мајка и има многу нерешени трауми, но на мајката изгледа не ѝ е јасно зошто.

„Ти купивме убави работи, те однесовме на одмор, живеевме во убава куќа, ти подаривме убав живот… што можеш повеќе да посакаш“, се брани замислената мајка-инфлуенсерка во видеото. Нејзината ќерка одговара дека проблемот е во тоа што на децата им обрнувала внимание само кога снимала содржина за социјалните мрежи.

Видеото предизвика лавина од поделени реакции, но според коментарите изгледа дека сè уште преовладуваат оние кои сметаат дека некои приватни работи не треба да излезат надвор од приватноста на семејниот дом.

Повеќе