Редок феномен: Близнаците може да предизвикаат лажно негативен резултат на тестот за бременост

Ако мислите дека можеби сте бремени, имате негативни тестови за бременост, а менструацијата не ви започнува, посетете го вашиот лекар

134

Оние кои се обидува да зачнат дете веројатно се запознаени со домашните тестови за бременост. 99 проценти од времето, овие едноставни тестови на урина се неверојатно точни. Меѓутоа, доколку се работи за повеќекратна бременост (близнаци, тројки итн.), можно е да се добие лажно негативен резултат од тестот за бременост.

Како функционираат тестовите за бременост?

Денес, можеме да најдеме различни типови на тестови за бременост во аптеките, но секој од нив функционира со откривање на нивото на хуманиот хорионски гонадотропин (hCG) во урината. Телото почнува да го произведува овој хормон откако ембрионот ќе се имплантира во ѕидот на матката, односно приближно шест до десет дена по зачнувањето.

„Повеќето домашни тестови за бременост можат да детектираат релативно ниски нивоа на hCG, поради што некои тестови се ефективни веќе една недела пред да се изостане менструацијата“, вели докторката-гинеколог Кетрин Капонеро, специјализирана за бременост.

Тестовите за бременост се најпрецизни ако се направат по пропуштената менструација бидејќи тогаш hCG најверојатно достигнал мерливи нивоа.

Дали е можно да се добие лажно негативен тест за бременост со близнаци?

Всушност, можно е близнаците (или тројки, четворки итн.) да предизвикаат лажно негативен тест за бременост. Тоа е затоа што повеќекратната бременост произведува покачени нивоа на hCG, а ако тие се доволно високи, тоа може да влијае на резултатите.

„Кога hCG е превисок, може да има неточен однос на hCG и антитела во тестот за бременост“, вели д-р Капонеро.

Ова го надминува тестот за бременост и предизвикува лажен негативен резултат. Овој феномен се нарекува „hook efekt“ и е многу редок. Истражувањата покажуваат дека се појавува кај помалку од 2 проценти од негативните тестови за бременост, смета д-р Капонеро.

Повеќекратната бременост не е единствената причина за оваа појава
Едно лице може да добие негативен резултат од тестот за бременост и покрај присуството на hCG во крвта. На пример, тестот може да биде негативен ако некое лице има гестациска трофобластна болест, како што е моларна бременост.

„Гестациската трофобластна болест е ретка компликација што може да се појави кога јајце клетката и спермата не се спојуваат правилно. Ова, за жал, обично резултира со спонтан абортус“, изјавила д-р Капонеро за списанието Parents.

Други причини за лажно негативни тестови за бременост
Повеќето фактори кои водат до лажно негативен резултат се грешка на корисникот (или, во некои случаи, неисправен тест). Лажно негативен резултат може да се појави ако тестот се направи прерано по зачнувањето, ако урината не е доволно концентрирана или ако инструкциите не се следат правилно, вели Капонеро. Лажно негативен резултат може да даде и истечен тест за бременост.

Докторката набројува и неколку други причини за лажно-негативни домашни тестови за бременост. „Ако мислите дека можеби сте бремени, имате негативни тестови за бременост, а менструацијата не ви започнува, посетете го вашиот лекар“, советува Капонеро.

Така, близначка или повеќекратна бременост може да резултира со лажно негативни тестови за бременост поради различни биолошки процеси. Жените со повеќекратна бременост треба да бидат свесни за оваа можност и да се консултираат со лекар за дополнителни тестови за попрецизно потврдување на бременоста.

Повеќе