Дали сте слушнале за чашката за зачнување? Како да се зголемат шансите за бременост?

Најдовме на Интернет реклама за чашка за зачнување, под називот Ферти-Лили (Ferti-Lily) која, наводно, ги зголемува шансите за бременост. Имено, оваа чашка помага во грлото на матката да стасаат повеќе сперматозоиди од она што е возможно инаку и на тој начин ја зголемува веројатноста за зачнување, без притоа да попречува некој од природните процеси на зачнување.

3.384

Ако веќе активно „работите на бебе“ или штотуку сте започнале, а сè уште нема позитивен резултат на тестот за бременост, веројатно почнувате да се грижите за отчукувањето на часовникот, размислувате што не е во ред и сакате да пробате сè што можете за да го забрзате зачнувањето. Се разбира, секој барем еднаш слушнал за лежење со нозете кренати на ѕид после секс или за конзумирање на храна која ја поттикнува плодноста.

Без разлика дали е тоа вашата прва бременост или веќе сте биле бремени, сосема е нормално да треба некое време да се обидувате пред да забремените. Всушност, статистички гледано, поголема е веројатноста да забремените откако ќе се обидувате една година отколку ако сте се обидувале само еден месец. На секоја приказна што ќе ја слушнете за жена која забременила без труд, па дури и без намера, има уште најмалку пет жени кои се обидуваат да забременат и не можат.

Што да направите кога сакате да забремените?
Стресот влијае на вашата плодност, а грижата за тоа само го влошува. За почеток, најдоброто нешто што можете да направите е да се обидете да се опуштите и да се ослободите од постојаните тешки мисли.

Направете здрави прилагодувања

Добро балансирана исхрана и здрав начин на живот можат да помогнат при зачнувањето и да го подготват телото за успешна бременост. И вие и вашиот партнер треба да ги отфрлите лошите навики – да го намалите внесот на алкохол, да престанете да пушите и да почнете умерено да вежбате и да ја надополнувате исхраната со витамини, како што се фолна киселина и цинк.

Препознајте ги вашите плодни денови

Овулацијата обично се случува околу 14-тиот ден по почетокот на менструацијата, но времето на овулација варира од жена до жена во зависност од должината на менструалниот циклус, а исто така може и да се разликува од месец до месец.

Можете да ги следите вашите плодни денови со правење тест за овулација, со мерење на базалната температура (наутро, пред да станете) која се зголемува по овулацијата или можете да го следите вашиот циклус преку апликација.

Можете исто така да ги одредите плодните денови со набљудување на конзистентноста и бојата на исцедокот (цервикална слуз) од вагината. Како што се приближувате до овулацијата, цервикалната слуз ја менува конзистентноста за да ѝ овозможи на спермата да преживее подолго. Кога е проѕирна и растеглива како жива белка од јајце, вие сте најплодни, а кога е леплива и густа, тогаш сте помалку плодни.

Како помага чашката Ferti·Lily?
Чашата за зачнување Ferti-Lily® е развиена во соработка со европски гинеколози и експерти за плодност и е регистрирана како медицински производ со цел да помогне во зачнувањето. Треба да се разликува од менструалната чаша што некои портали за животни стилови ја промовираат како нова домашна метода за побрзо зачнување.

Чашата за зачнување Ferti-Lily® носи повеќе сперматозоиди во грлото на матката и на тој начин ја зголемува веројатноста за зачнување, без да попречува некој од природните процеси на зачнување. Се вметнува во вагината по ејакулацијата и притоа го потиснува семето кон грлото на матката (цервикс, отворот на матката), вовлекувајќи ја спермата во заштитната средина на цервикалната слуз. На овој начин, повеќе сперматозоиди преживуваат и повеќе од нив стасуваат до матката. Колку повеќе сперматозоиди влегуваат во матката, толку е поголема шансата еден од нив да стигне до јајце клетката и да продре во неа.

Клинички е докажано дека Ferti-Lily® ги зголемува шансите за зачнување за 48 проценти кај инаку здрави парови, без да влијае на овулацијата и другите фактори кои можат да влијаат на плодноста. Користејќи го во вашите најплодни денови, ги зголемувате шансите за зачнување секогаш кога ќе се обидете.

Опишана е како мека, пријатна и лесна за домашна употреба, а бидејќи е наменета за употреба после сексуален однос, не ја нарушува интимноста на моментот. Можете да ја користите повеќекратно, до шест циклуси.

Повеќе