Дали ви пукна водењакот? Девет работи што треба да ги знаете…
На сите ни е познато тоа филмско сценарио – во некој луд, клучен момент, наеднаш под глумицата се прави локва со вода затоа што ѝ пукнал водењакот. После тоа, следува лудо брзање кон болница! Но, дали е сè навистина така?
Сите сме гледале едно чудо филмови во кои, во некој луд, клучен момент, наеднаш под глумицата се прави локва со вода затоа што ѝ пукнал водењакот.
После тоа, следува лудо брзање кон болница! Но, дали е сè навистина така?
Не, во повеќето случаи не е така! Уште повеќе, кога ќе ви пукне водењакот и ќе имате уште неколку дена до терминот, можеби бебето ќе пристигне токму така – за ден-два.
Опуштете се, нема место за паника. Имате време да се подготвите, па дури и не мора веднаш да потрчате во породилно. Можеби прво треба да утврдите дали водењакот навистина ви пукнал…
Еве неколку работи што ќе ве смират:
Никој не може да процени преку телефон
Кога ќе ви пукне водењакот (или само така мислите), ќе ви текне да се јавите кај гинекологот да го прашате дали да дојдете или не. Она што треба да го знаете е дека никој не може да ви каже со сигурност преку телефон, односно не може да процени дали навистина ви пукнал водењакот.
Без разлика дали ќе се породите токму тој ден или ќе чекате, ќе мора да одите на преглед на гинеколог.
Обидете се да стоите
Ова е еден од триковите кои можат да ви помогнат да откриете дали навистина ви пукнал водењакот – станете. Ако станете и почувствувате дека ви истекло уште (доста) вода, тоа значи дека вашиот водењак навистина пукнал. Станува збор за чиста и едноставна гравитација – ако сè уште има течност таму горе.
Дали е тоа мукозен чеп?
Кај речиси половина од бремените жени, она што тие мислат дека е пукање на водењакот се покажува како мукозен чеп. Како што се приближува породувањето, цервиксот станува сѐ помек и жените „губат“ дел по дел од тој мукозен чеп. Често, количината на слуз во него може да биде голема, па можеби ќе ви треба и влошка.
Амнионската течност е чиста
Она што може да ви помогне да одговорите на прашањето дали вашиот водењак навистина пукнал, е бојата на амнионската течност. Ако водењакот ви пукнал, течноста ќе биде без вкус и мирис.
Водењакот може да пукне нагло со „поплава“ на течност или полека да капе
Да, еве пак доаѓаме до таа филмска верзија која не важи за овие краеви. Уште почесто, тоа е постепено истекување течност наместо наплив на вода.
Замислете балон полн со вода – можете да го боцнете само малку, така што во него ќе остане уште вода. Не мора да експлодира…
Лекарот може со сигурност да утврди дали вашиот водењак пукнал
Ако одите во болница убедени дека ви пукнал водењакот и дека наскоро ќе го држите вашето бебе во раце, а потоа ве вратат дома – знајте дека не згрешиле.
Лесно е да се провери дали водењакот пукнал. Еден начин е да се провери (амнионската) течност под микроскоп.
Трудовите обично почнуваат откако ќе пукне водењакот
Значи, нема долго да седите во дневната соба и да се прашувате: „Дали навистина беше тоа водењакот“. Откако ќе пукне водењакот, наскоро започнуваат трудовите и тоа доста интензивно.
Можеби нема да треба долго да се прашувате дали навистина ви пукнала водењакот или не…
Можно е пукнатината низ која истекува плодовата вода повторно да се затвори.
Да, ова е навистина ретка појава, но се случува. Замислете балон исполнет со вода. Кога ќе пробиете мала дупка во неа и ќе истече малку течност, можно е понекогаш таа мала дупка повторно да се затвори сама од себе. Дури и ако сте сигурни дека водењакот ви пукнал, сепак може да ве вратат од болница.
Водењакот на некои жени никогаш нема да пукне
Ако чекате вашето породување да започне со драматична поплава на плодова вода откако ќе ви пукне водењакот, може да бидете разочарани.
Водењакот на некои жени не им пука додека не дојдат на средина на трудовите, а понекогаш дури и неколку моменти пред да стаса бебето.