Десетгодишно девојче се омажило за симпатијата пред да почине од леукемија

Мислата за мажење на десетгодишно девојче може да направи многу луѓе да се чувствуваат непријатно. Сепак, за Ема Едвардс тоа значело исполнување на сонот.

290

Во април 2022 година, на Ема Едвардс ѝ била дијагностицирана акутна лимфобластична леукемија. Нејзините родители на почетокот биле оптимисти, но неколку месеци подоцна лекарите им рекле дека ракот на Ема е неизлечив и дека има неколку денови или недели живот.

„Ова се зборови кои ве уништуваат. Сепак, решивме дека нема само да седиме и да дозволиме времето да ни ги украде драгоцените моменти. Со пријателите на Ема смисливме план да ја оствариме нејзината свадба од соништата”, рекла мајката на Ема, пренесува Bright Side.

Имено, додека повеќето деца сонуваат да одат во Дизниленд, Ема сакала да се омажи, да биде сопруга и да има три деца. Таа имала симпатии кон ДиЏеј, момче чие целосно име е Даниел Маршал Кристофер Вилијамс Јуниор. И таа му се допаѓала нему.

Родителите, членовите на семејството, пријателите и соседите на Ема се собрале и се нарекле „Војската на Ема“. Тие вложиле многу труд за да го остварат сонот на Ема. На крајот со донација се вклучила хуманитарната организација Make-A-Wish и за неполни две недели сѐ било подготвено за свадбата која конечно се одржала на 29 јуни годинава.

Ема дошла во виолетов фустан, а нејзиниот татко ја туркал до олтарот во инвалидска количка. На прашањето која била неговата прва мисла кога ја видел Ема, момчето рекло: „Мислев дека таа е најубавата личност што сум ја видел“.

Размениле завети и венчални прстени. На крајот се бакнале. Девојчето дури одбила и лекови против болки бидејќи не сакала да заспие и да го пропушти настанот.
За жал, Ема починала на 11 јули 2023 година, но со исполнет сон. Видеото можете да го погледнете овде.

Повеќе