Дете завршило на итна помош откако си го изгорело јазикот со кисели бонбони (ФОТО)

Една мајка упатила предупредување до другите родители затоа што нејзиниот син се здобил со страшни изгореници откако ги јадел популарните бонбони.

215

Едно момче од Перт, Австралија, било однесено во Брза помош откако се здобило со страшни изгореници кои му се појавиле откако ги јадел популарните бонбони. Високата киселина во слатко-киселите бонбони му го изгорела јазикот.

Според CPR Kids, повеќето пакувања со вакви слатки содржат предупредувања за децата, иако сметаат дека треба целосно да се избегнуваат, без разлика на возраста. „Важно е родителите да бидат свесни за можноста за изгореници предизвикани од киселите бонбони“, додаваат тие.

Слика од повредата на детето на Фејсбук страницата на организацијата сподели оваа мајка од Перт, Австралија, сакајќи да ги предупреди луѓето вакво нешто да не му се случи и на друго дете.

Киселите бонбони знаат да бидат многу вкусни и на децата најмногу им се допаѓаат, но нивната усна шуплина е чувствителна, па затоа е потребна посебна грижа. Тие исто така содржат многу шеќер, а според Националната здравствена служба, внесот на шеќер е најголем кај децата на возраст од 11 до 18 години.

Повеќе