Деветгодишен милијардер има неколку вили, автомобили и авион

Ова дете има само 9 години, а поседува неколку вили и автомобили и патува со приватен авион. Негов татко е нигерискиот бизнисмен и мултимилионер Исмаили Мустафа.

376

Иако има само девет години, Мухамед Авал Мустафа е можеби најмладиот милијардер во светот. Тој патува низ светот со својот приватен авион, а поседува и неколку вили.

Првата ја добил кога имал само шест години, а има и цела флота суперавтомобили, иако е премногу млад за да ги вози и не е доволно висок за да ги дофати педалите.

Тој споделува детали од својот раскошен живот со 36.000 следбеници на Инстаграм. Покажува како додека патува со својот авион ужива во луксузни оброци, а позира и пред скапите Ферари, Ламборџини и Бентли.

„Мојот прв автомобил. Ти благодарам тато”, напишал покрај фотографијата на која седи на скапо Бентли, модел на Flying Spur со цена од околу 200.000 долари.

Неговиот татко е нигерискиот бизнисмен и мултимилионер Исмаили Мустафа. Моментално е во проблеми со законот. Тој беше обвинет за перење пари, а откако плати кауција од 470.000 долари, беше пуштен да се брани од слобода. „Сан“ пишува дека властите се сомневаат дека тој успеал да скрие голем дел од парите купувајќи луксузни часовници и накит.

Повеќе