Дали би го доеле вашето дете до прво одделение? (ВИДЕО)

Заради видеото во кое вели дека планира да ја дои својата ќерка до шестгодишна возраст, луѓето ја обвинуваат оваа 20-годишна мајка за сексуален напад. Што мислите вие за продолженото доење?

437

Неспорно е дека мајчиното млеко има многу придобивки за бебето, но кога да престанете да го доите бебето е сè уште контроверзна тема за многу родители. Покрај тоа, една мајка е обвинета за сексуален напад бидејќи планира да ја дои својата ќерка до шестгодишна возраст.
20-годишната Џејси вели дека истото го планира и со децата што ќе ги има во иднина и воопшто не се согласува дека тоа на било кој начин може да биде негативно за детето.

@justjacythings

is it because it’s good for her or do I just like not being apart of the IBTC ? #breastfeadingmomma #crunchy #crunchymomsoftiktok

♬ original sound – ryland storms

„Продолженото доење не е сексуален напад. Нема ништо сексуално во тоа да го храните бебето. Само затоа што ги сексуализирате градите не значи дека и бебето го прави тоа. Бебето јаде“, објаснила таа во видеото прегледано 1,8 милиони пати.

Џејси ги истакнува здравствените придобивки од доењето и за мајката и за детето, но повеќето сепак веруваат дека доењето до шестата година е претерано.

@justjacythings

Reply to @jaidynne_bolton

♬ original sound – 🙂
Повеќе