Еве кое е најлошото прашање што можете да им го поставите на децата на трпеза

Речиси половина од родителите (48 проценти) се согласуваат дека поставувањето конкретно прашање помага да се извлечат повеќе информации за тоа како им поминал денот на нивните деца на училиште.

140

Новиот извештај открива дека две третини од родителите се жалат дека нивните деца се некомуникативни на масата.

Најголем проблем имаат родителите на тинејџерите.

Повеќе од една четвртина (28 проценти) се чувствуваат под стрес обидувајќи се да разговараат со своите деца за време на оброците, додека 86 проценти би сакале да внесат повеќе енергија, забава и ангажираност на нивните семејни вечери.

Сепак, развојниот когнитивен невролог и психолог, професор Сем Вас, кој бил вклучен во студијата, верува дека можеби на нашите деца им поставуваме погрешни прашања.

Имено, родителите се фрустрирани од кратките одговори на прашањето: „Каков ти беше денот?“, а професор Вас смета дека токму ова прашање е проблемот.

Тој предлага да поставувате помалку генерички, подиректни прашања кои се надоврзуваат на работи кои го прават вашето дете среќно, како: „Што мислат твоите пријатели за твоите нови чевли/фризура/училишна чанта?“

„Да ги ставите другите луѓе во фокусот на разговорот, исто така, може да ги натера тинејџерите да се чувствуваат поопуштено.

Можете да го прашате вашето дете: „Како беше твојот најдобар пријател денес и што му се случи на училиште?“ или нешто поконкретно како: „Што е најдоброто нешто што ти се случи денес?“ – сугерира д-р Вас.

Речиси половина од родителите (48 проценти) се согласуваат дека поставувањето конкретно прашање помага да се извлечат повеќе информации за тоа како им поминал денот на нивните деца на училиште.

Професорот Вас додава: „Кога сите сме уморни на крајот од денот, паѓаме во замката на еднонасочни прашања и одговори.

Разговорот за време на вечерата може да биде предизвикувачки, но добро е да се запамети дека не се работи секогаш за тоа кои прашања ги поставувате, туку како ги поставувате.

Исто така, вели дека децата можат да бидат мотивирани за разговор со надворешни дразби, односно да се започне разговор по заедничка игра или додека се подготвува оброкот.

„Почетокот на новата учебна година може да биде тежок преоден период за родителите. Навикнати сте да знаете сè што се случува со вашите деца, а потоа е тешко да извлечете повеќе од неколку зборови од нив“, заклучил професорот.

Повеќе