Главоболки во бременоста: Зошто се појавуваат и дали можат да бидат опасни?

Иако главоболката за време на бременоста во повеќето случаи е нормална и престанува после оброк или одмор, силната главоболка која не престанува ниту по неколку часа, се влошува или постојано се враќа може да биде знак за одредена компликација во бременоста, предупредуваат лекарите.

392

Главоболките се вообичаена непријатност за време на бременоста. Од хормонални промени, ненадејно прекинување на пиење кафе до лош сон, постојат многу причини зошто голем број трудници може да доживеат главоболки. Иако може да биде многу непријатно, обично не е опасно ниту за трудницата, ниту за бебето, објаснуваат лекарите. Како што објави Very Well Family, постојат неколку фактори кои предизвикуваат главоболки кај идните мајки.

Зошто се јавуваат?
Причината не е секогаш позната, но многу фактори можат да доведат до главоболки за време на бременоста. Некои од причините се:

хормонални промени
засилена глад
ниско ниво на шеќерот во крвта
дехидрација
одвикнување од кофеин
недостаток на сон
напрегање на очите поради промени во видот или премногу време поминато пред компјутер или телефон
емоционален или физички стрес
истегнување на мускулите поради промени во држењето на телото како што бебето расте, а трудницата добива тежина
покачен крвен притисок.

Повеќе