Зошто на децата не треба да им купувате сини костими за капење?

Исто како што облеката со светли бои, неонски бои може да ви помогне да го најдете вашето дете во толпа, резултатите од испитувањето покажале дека светлите, неонски бои, вклучително и светло портокалова, жолта и зелена, се клучни за забележување на детето во вода.

1.644

Инструкторката по пливање Ники Скарнати испратила предупредување до сите родители кои планираат наскоро да купуваат костими за капење за своите деца. Во видеото што е прегледано повеќе од 4 милиони пати, таа ја снимила својата ќеркичка како плива во базен во син костим за капење за да покаже зошто е препорачливо да се избегнува оваа боја.

„Не ги облекувајте вашите деца во сини костими за капење. Погледнете колку е тешко да ја видите под вода“, предупредува Ники.

@springhill.isr Just dont do it! Why think about which bathing suits for the splash pad? Just buy bright ones!! ☀️☀️ #selfrescue #selfrescueswimming #selfrescueswim #watersafety #drowningpreventionawareness #springhillisd ♬ original sound – Spring Hill ISR Nikki Scarnati

Додека плива, девојчето навистина едвај се гледа. И подеднакво тешко е да се забележи дури и кога плива во сончевиот дел од базенот.
„Всушност, носењето светла облека може да спречи давење“, додава Ники.

Која боја на костим за капење е најдобро да се избере?
Исто како што облеката со светли бои, неонски бои може да ви помогне да го најдете вашето дете во толпа, резултатите од испитувањето покажале дека светлите, неонски бои, вклучително и светло портокалова, жолта и зелена, се клучни за забележување на детето во вода. Најмалку видливи на тестот на Alive Solutions Inc. биле белите и светло сините костими за капење.

Во тестот спроведен на базен најдобро се истакнуваат портокаловата и розовата боја, додека сината, белата и сивата едвај се гледаат. На тестот направен во езерото, видливи се само портокаловата и жолтата боја.

Повеќе