Хрватски старт-ап направи играчка која создава генерација на млади иноватори

Новата колекција на играчки на хрватската старт-ап компанија за STEM играчки CircuitMess чиј слоган е „Започни ја својата STEM авантура!“ вклучува 11 едукативни комплети „направи сам“. Меѓу нив и 9 шарени мини-роботи кои подучуваат основни теми од областа на роботиката и електрониката. Производите од колекцијата се меѓусебно поврзани и можат да се комбинираат на различни креативни начини.

87


Хрватскиот производител на едукативна технологија CircuitMess, кој веќе стекна обожаватели ширум светот со својот уникатен концепт на играчки „направи сам“, избра да ја лансира својата нова и со цената најприфатлива колекција на STEM играчки премиерно, во Хрватска.

„Иако досега најмногу се фокусиравме на странските пазари, решивме да ја лансираме оваа нова возбудлива линија на играчки токму овде во Хрватска, каде што првично започна нашата приказна и каде сакаме да помогнеме да се создаде генерација млади иноватори“, изјавил директорот на компанијата, Алберт Гајшак.

На полиците со играчки во малопродажните синџири во Хрватска, наскоро ќе може да се најдат производи на CircuitMess кои со помош на забавни и интерактивни инструкции им овозможуваат на децата да склопуваат и програмираат свои забавни електронски уреди.

Новата линија на играчки е наменета за STEM почетници
Новата колекција на STEM играчки CircuitMess чиј слоган е „Започни ја својата STEM авантура!“ вклучува 11 едукативни комплети „направи сам“: Bit, конзола за игри „направи сам“, Sparkly, автомобил робот „направи сам“ и 9 шарени мини-роботи кои подучуваат основни теми од областа на роботиката и електрониката. Производите од колекцијата се меѓусебно поврзани и можат да се комбинираат во игра на различни креативни начини.
Комплетите се наменети за деца на училишна возраст од седмата година па натаму. За нивно склопување и користење не е потребно претходно знаење, а доаѓаат со сите потребни алатки и детални упатства за монтажа и употреба (на хрватски јазик). Корисниците имаат пристап и до интерактивни онлајн материјали кои им овозможуваат постојано да ги подобруваат своите вештини преку играта.

Признание од Њујорк
За уникатноста на оваа нова линија сведочи и признанието кое CircuitMess го доби на неодамна одржаниот саем за играчки во Њујорк, каде што Американската асоцијација за играчки им ја додели главната награда во категоријата Powerfully Playful, за играчки со најинтересни интерактивни елементи.

Од CircuitMess истакнуваат дека по премиерата во Хрватска во 2024 година, овие производи ќе бидат лансирани и во малопродажните синџири на странските пазари во Европа и Северна Америка. Со влегувањето во малопродажните канали во Хрватска, CircuitMess се надеваат дека ќе ја приближат STEM револуцијата до хрватската јавност.

Повеќе