Која е критична година во бракот? Еве што покажуваат новите анкети за брачни неверства

Критичната година за браковите повеќе не е седмата. Имено, анкетата на сајтот за запознавање IllicitEncounters.com покажала дека третина од партнерите кои ги изневеруваат своите партнери почнуваат да го прават тоа по само три години брак.

498

Сајтот за запознавање IllicitEncounters.com спровел анкета меѓу 2000 свои членови. На прашањето кога во бракот првпат помислиле на изневерување, седум проценти одговориле дека тоа се случило во првата година од бракот. Пет отсто заталкале по две години, а 33 отсто од анкетираните по три години од бракот. 12 отсто од нив го направиле тоа по четири или пет години, а 11 отсто го изневерувале партнерот во шестата година од бракот. Само десет отсто од испитаниците решиле да изневерат по седум години брак.

Од оние кои го изневерувале партнерот, половина за ова го обвиниле недостатокот на интимност во бракот. Една четвртина рекле дека раѓањето деца им го променил односот со партнерот и дека извршил притисок врз нивниот брак. Од анкетираните, 16 отсто рекле дека им станало здодевно и дека барале возбуда, пишува The Sun.

Во информациите нема податок за процентот на оние кои не изневериле.

Повеќе