Има ли потреба да се малтретира тримесечно бебе со дупење уши? Погледнете го видеото и кажете што мислите за оваа тема?

Американската академија за педијатрија (ААП) препорачува родителите да почекаат додека децата не станат доволно возрасни за да донесат сопствена одлука за пирсинг на увото. Освен тоа, предност на чекањето е тоа што детето ќе може да се погрижи да се исчисти само по пирсот, што ја намалува можноста за инфекција.

1.482

Кога станува збор за дупчење на ушите на бебињата и малите деца, јавноста е поделена. Додека едни го прават тоа поради културолошки причини, а други затоа што им се допаѓа нивните бебиња да носат обетки, има и такви кои се големи противници родителите да им ги дупнат ушите на своите деца додека не станат доволно возрасни сами да кажат дали тоа воопшто го сакаат.

На Кејти Шадел кога имала три месеци ѝ ги дупнале ушите, па решила да го стори истото со својата ќерка. Таа на Тик-Ток објави видео во кое нејзината ќерка седи во прегратките на нејзиниот татко. Бебето спие, а штом вработениот во златарницата ќе почне да ѝ боде увото, таа се штрекнува и почнува да плаче.

И драмата не завршува тука бидејќи пиштолот за дупење на уши се заглавува во ушната школка. Додека вработениот се обидува да го отстрани, бебето неутешно плаче.
Кејти признава дека сцената ѝ го „скршила срцето“, но сепак добила бројни критики.

Американската академија за педијатрија (ААП) препорачува родителите да почекаат додека децата не станат доволно возрасни за да донесат сопствена одлука за пирсинг на увото. Препораката на ААП има за цел да им овозможи на децата сами да донесуваат одлуки за своето тело. Друга предност на чекањето е тоа што детето ќе може да се погрижи да се исчисти само по пирсот, што ја намалува можноста за инфекција.

Ако сепак сакате да ја донесете таа одлука во име на вашето дете, има неколку клучни фактори кои треба да се земат предвид.

Прво, не треба да се дупчат ушите на детето пред да наполни два месеци, кога обично се дава првата доза од вакцината против тетанус.

„По пирсингот на ушите, ќе има болка, која ќе исчезне за неколку дена. Колку е помало детето, толку помали се шансите дека ќе посегне кон увото за да ја извади обетката. Постарите бебиња, на возраст од пет или шест месеци , може да ја локализираат болката, а тоа е проблематично“, вели педијатарот Норина Окампо за Fatherly.

„Во првиот месец од животот постои поголем ризик локалната инфекција да навлезе во системот и да стане системска. Бактериите како стафилокока живеат на кожата, а доколку навлезат во телото, последиците можат да бидат сериозни“, вели педијатарот Рави Џајарам.

„Исто така сакам да напоменам дека родителите мора да имаат предвид дека само обетки од 24-каратно злато се погодни за бебиња. Никогаш нема да имате реакција на чистото злато, додека никелот, дури и 14-каратното и 18-каратното злато може да предизвикаат алергиски реакции“, забележува Окампо.

По дупчење на ушите, инфекциите може да се спречат со чистење на областа околу обетката со алкохол и вртење на обетките во ушите двапати дневно. Знаците на инфекција вклучуваат црвенило и осетливост и гноен исцедок. Во овој случај, неопходно е да се побара медицинска помош.

@katiebartrum

My poor babygirl ❤️‍🩹🥺 You can tell her daddy was on edge, we both were. But she looks so beautiful 🥹 #3monthsold #earspierced #claires #fyp #viral #foryou

♬ I Get to Love You – Acoustic – Mysha Didi
Повеќе