„Ако се држите до правилото од 3 минути, ќе ја стекнете довербата на вашето дете и ќе ја имате дури и кога тоа ќе биде во тинејџерски години“, вели психологот Наталија Сиротиќ.
Според нејзиното правило, важно е да поминувате 3 минути со детето секој ден така што ќе се спуштите на неговото ниво, ќе го гушнете и ќе прашате што сѐ се случило додека не сте биле заедно.
„Особено е важно да го следите ова правило кога го земате вашето дете од градинка или од училиште или кога се враќате дома од работа. Тоа не значи дека треба да поминете само три минути со вашето дете, но тие се клучни за да бидете сигурни дека вашето дете ќе ви каже сѐ што е важно и што сака“, тврди Сиротич.
Според BrightSide, со цел родителите да постигнат ниво на целосно разбирање со своето дете, тие исто така можат да ги следат овие препораки:
Одвојте малку време секој ден за нешто што ве интересира и вас и вашето дете.
Дајте им до знаење на вашите деца дека ги слушате. Повторете го она што ви го кажале за да бидете сигурни дека сте ги разбрале.
Не демонстрирајте лажна возбуда.
Избегнувајте долги и бескорисни дискусии.
Вратете се на разговорот малку подоцна и дајте му на вашето дете до знаење дека се сеќавате за што сте разговарале.