Истражувањето открива колку брзо на децата им здосадуваат новите играчки!

Се ближат празниците, Божиќ и Нова година, а со нив и купувањето на подароци и нови играчки. Финансиските трошоци се зголемуваат, а апетитите на децата за играчки постојано растат! Пред да се одлучите на купување нови играчки, прочитајте колку всушност трае интересот на вашето дете за новата играчка.

122

Колку брзо на децата им здосадуваат новите играчки? Се испоставило дека во најдобар случај децата речиси целосно го губат интересот за новата играчка за околу еден месец. Но, на повеќето деца, новите играчки им досадуваат многу пред тоа, а родителите ги отфрлаат играчките во совршена состојба со неверојатна брзина!

The British Heart Foundation штотуку открила дека 28 отсто од родителите во Велика Британија „признаваат дека фрлаат играчки во совршена состојба“, пишува Yahoo News.

„Новото истражување на родителите покажало дека детето во просек губи интерес за играчката во рок од само 36 дена. Петтина од родителите рекле дека нивното дете изгубило интерес по 11 часа игра, додека 8 отсто рекле дека на нивните деца им здосадила новата играчка за помалку од еден час“.

На овој тренд можеби делумно влијаат децата кои повеќе користат екрани и таблети за забава и поретко си играат со играчките. Овие резултати од истражувањето се одличен потсетник за сите нас за важноста на мудрото избирање играчки и можеби барем обид да се избегнат импулсивни купувања кои наскоро би можеле да завршат во ѓубре!

Многу нови играчки завршуваат во ѓубре!

Иако ова истражување е спроведено во Велика Британија, многу е веројатно дека оваа приказна важи за сите деца во западниот свет. Фондацијата посочува дека ова не само што покажува дека трошиме пари на играчки со кои децата нема да си играат, туку дека многу совршено добри играчки завршуваат во ѓубре!

Нивното истражување покажало дека децата „имаат во просек по четири играчки со кои никогаш не ни играле – што може да укаже на дури 162 милиони неискористени играчки во Велика Британија.

Ајде да се разбудиме

Британската фондација ги поттикнува родителите да бидат дел од проектот „Амнестија на играчките“ со донирање на несаканите играчки во добротворни цели. Тие, исто така, се надеваат дека родителите повнимателно ќе размислат каде завршуваат нивните многу малку искористени, па дури и неискористени играчки.

Ова е одличен поттик да се преиспитаат изборите и консумеристичкиот дух во кој живееме! Можеби родителите, наместо да посетуваат продавници за играчки, треба да посетуваат места каде децата ќе учат и ќе создаваат спомени, а парите наместо на играчки да ги насочат кон нешто што на долг рок ќе им користи на сите.

Повеќе