Ти си ми единствена светла точка, не е љубов кон детето, туку злоупотреба

На децата им требаат двајцата родители за развој на мозокот, како два прозорци. Децата го гледаат животот преку своите родители. И ако тие два прозорци го натераат да го избере оној што го преферира, еден ден ќе има планина внатрешни конфликти, од кои нема да може да дише. Ќе има скарани внатрешни прозорци.

208

Најчесто едниот родител глуми жртва на другиот, додека децата се регрутираат во редовите на спасителите. Најмалку едно дете. Најчувствителното.

Секогаш кога ѝ беше тешко на мајка ѝ, ќе ја гушнеше и ѝ велеше: ти си мојата единствена светла точка.

Таа порасна со неколку знаења за себе.

– Мајка ми живее во темнина. Нејзиниот живот е многу тежок. Нејзината единствена светлина сум јас. Затоа морам внимателно и секогаш да светам за мајка ми да не се изгуби во својата темнина.

И така, чекор по чекор, блескајќи за својата мајка, оваа девојка не научи да блеска за себе. Ништо не научи за нејзината темнина, бидејќи кога мора да му светите на друг, како негова ЕДИНСТВЕНА светлина, не смеете да си дозволите себеси ниту дамка темнина.

Стануваш единствениот фар на туѓиот автомобил, осуден да трепери од страв на секој чекор, додека воланот не е во твои раце.

Така ова девојче го загуби детството. Таа заглави во анксиозност. Заглави во перфекционизам. Морам да бидам мирна, тивка, најдобра, бидејќи така ќе ѝ бидам утеха на мајка ми. А и тато ќе биде порасположен. А тоа чини многу.

– Дека единствената улога во нејзиниот единствен живот е да свети во мајчината темнина. Да бидам спасителка на мајка ѝ со тоа што ќе биде совршена. Подоцна нејзината мајка ја замениле некои други родителски фигури на кои подеднакво се трудела да им биде совршена и да им свети.

– Дека на неа самата ѝ е забранета каква било темнина. Сè што може да нацрта облак од темнина на лицето на мајка ѝ е забрането. Лутина, тага, страв, гнев се забранети.

-Дека нема право да не знае, да не умее, да мрази, да се лути, да се гади, да крева глас, да пушти солза, да има некои „задни“ мисли. Сите нејзини карти мора да бидат на маса и баш сите мора да бидат светли.

– Дека таа и не е тука за себе, како што и нејзината светлина не е тука за неа, туку само за другите, па ако нема кому да му свети, тогаш таа е целосно мрачна. Дека таа самата за себе е безвредна. Чувствуваше голем страв од осаменост.

  • Дека е љубов кога си ЕДИНСТВЕНАТА светла точка за некого. Затоа ги гушела другите како мајка ѝ неа.

И да се разбереме, нејзината мајка не беше психопат. Таа беше една од вообичаените претставнички на нашиот воспитен систем кој експлоатира една драматична семејна игра.

СПАСИТЕЛ, ЖРТВА, ПРОГОНИТЕЛ. Драматичен триаголник. Што се игра експлицитно или имплицитно во повеќето наши семејства.

Игра во која нема победник, бидејќи сите се заробени и поразени.

И главно едниот родител глуми жртва на другиот, додека децата се регрутираат во редовите на спасители. Најмалку едно дете. Најчувствителното.

И тоа е злоупотреба. Детски мозок, кој се обликува. Детство, кое има право на безгрижност.

И тука не станува збор за тоа дека нема вистински жртви, меѓусебни, меѓу мајките и татковците. Има сѐ.

Овде стануваа збор за тоа како да се изнедри здраво дете.

Кое ќе ги научи животните вештини грижејќи се за себе и имајќи поддршка кај родителите. Не така што сѐ уште слабо и во незнаење и без свој избор, ќе се претвори во туѓа потпора. Ова создава анксиозни возрасни лица.

Знам колкав предизвик е родителството и не мудрувам никому. Едноставно ништо не ме нервира толку како злоупотребата на децата. Регрутирањето на децата. Присилување на децата да избираат страна меѓу родителите.

На децата им требаат двајцата родители за развој на мозокот, како два прозорци. Децата го гледаат животот преку своите родители. И ако тие два прозорци го натераат да го избере оној што го преферира, еден ден ќе има планина внатрешни конфликти, од кои нема да може да дише. Ќе има скарани внатрешни прозорци.

Значи, да ги оставиме децата да живеат, тие не избраа да се родат, но ние избравме со кого ќе ги родиме. Децата немаат никаква врска со тоа.

Текстот е од ТУКА.

Повеќе