Јапонија воведува бесплатни градинки за сите деца на возраст од шест месеци до две години

Целта на оваа мерка е да се забави падот на наталитетот во Јапонија и да се намали финансискиот товар на семејствата, особено на оние со повеќе деца.

80

Владата на Јапонија најавила дека ќе понуди бесплатни градинки за деца на возраст од шест месеци до две години, без оглед на работниот статус на нивните родители. Програмата треба да заживее во април 2024 година во 150 општини, а се планира до 2026 година да се реализира низ целата држава.

Целта на оваа мерка е да се забави падот на наталитетот во Јапонија и да се намали финансискиот товар на семејствата, особено на оние со повеќе деца. Трошоците за детска грижа се главна пречка за многу парови, а според јапонската влада, отстранувањето на таа пречка може да ги поттикне да ги прошират своите семејства.

Сепак, јапонските медиуми посочуваат дека проблем е немањето воспитувачи кои ќе се грижат за децата. Оваа земја со сè постаро население планира да ја прошири финансиската помош за семејствата со деца, да спроведе флексибилни работни аранжмани за родителите и да го подобри квалитетот на образованието и грижата за децата.

Повеќе