Каде и да се појавам со моите деца, без мајка им, веднаш сум херој

Дали е нормално тоа што кога на педијатар ќе се појави татко со дете, сите прашуваат каде е мајката?

435


Секое дете има и мајка и тато, но во општеството многу луѓе сѐ уште се изненадени кога таткото е сам со детето во парк, дома или кога ќе се појави на родителски состанок.

За ова предупредува и Стјепан, татко кој на Тик-Ток се присети на искуството кога тој и неговото дете, без сопругата, отишле на преглед кај педијатар.

„Постои приказна на која татковците генерално не обрнуваат внимание, но всушност е многу важна.

Пред околу една година го однесов своето дете во болница на преглед.

Кога влегов со детето, медицинската сестра и докторот веднаш прашаа: Каде е мама?

Јас учтиво им одговорив дека таа остана дома, да се одмори, да ги среди работите, што и да е“, напишал тој во воведот.

Вели дека медицинската сестра и докторот го прегледале детето и рекле дека сѐ е во ред, а потоа дошол шокот.

„Сестрата коментираше дека би било попаметно следниот пат да дојде мајката бидејќитаа ќе разбере подобро. Со насмевка на лицето ја прашав како се третираат самохраните татковци кога за нас „обичните” мислат дека сме мајмуни.

Излегувајќи од ординацијата, една госпоѓа која чекаше со детето, праша дали е сѐ во ред со мојата сопруга.

„Да, фала му на Бога, таа всушност отиде да ги среди ноктите“, одговорив јас, а во чекалната настана молк.

Кога се свртел, сфатил дека тој е единствениот татко и дека некои од мајките го гледаат со осуда.

„Каде и да се појавам со децата, без придружба на мајката, веднаш сум херој, во смисла, како ѝ помагам на сопругата и колку сум добар…

Кога ќе се појави татко кој е сам со децата, никому не треба да му биде чудно.

Ако ги изнесеме децата во парк, ако сме на лекар или во продавница, ако правиме нешто со децата во град, веднаш сме препуштени на осуда на околината и минувачите“, тврди Стјепан.

Тој исто така забележал дека луѓето им судат на мајките во такви ситуации.

„Нашите жени не се роспии или змии, кои мислат само на себе.

Не се саможивници и не е секоја жена злобна ако го пратила сопругот некаде со децата.

Како што и овие татковци не се папучари, страдалници, будали.

Тоа се луѓето кои се грижат за семејството во денешно време.

А следниот пат кога ќе видите татко со деца, знајте дека тој татко има лавовско срце.

Не судете за да не ве судат.

Сакајте ги своите сопруги со целото свое срце, работете за вашите деца и повеќе отколку што можете и грижете се за вашето семејство“, заклучил тој.

Повеќе