Како хеликоптер-родителството влијае врз здравјето на детето?

Самото име „хеликоптер“ всушност опишува родител кој постојано „лета“ над своите деца, не дозволувајќи им речиси никаква слобода, одговорност или независност.

819

Хеликоптер-родителството претставува метод на воспитување кој се базира на прекумерна контрола и заштита на детето. Родителите кои ги воспитуваат своите деца на овој начин се трудат да ги држат под свој надзор и им посветуваат големо внимание. Самото име „хеликоптер“ всушност опишува родител кој постојано „лета“ над своите деца, не дозволувајќи им речиси никаква слобода, одговорност или независност.
Исто така, психолозите тврдат дека ваквиот начин на воспитување може негативно да влијае на здравјето на детето, пренесува Your Tango. Како што објаснуваат, постојат дури четири начини на кои хеликоптер-родителството негативно влијае на здравјето на децата, а тоа вклучува:

зголемен ризик за развој на ментални нарушувања и фобии
зголемен ризик од развој на астма, алергии и други чувствителности
немање можност детето да ги развие сопствените вештини за игра и користење на слободното време
слаби социјални, емоционални и комуникациски вештини.

Повеќе