Келнерка: Децата врескаат, трчаат, ги вознемируваат гостите, а родителите не реагираат?!

Веројатно некогаш ви се случило да седнете во кафуле или во ресторан да се напиете кафе на мир, а потоа вашиот посакуван мир го уништило нечие дете кое вика, трча наоколу и прави белји. Ова е сцена со која келнерите секојдневно се среќаваат. Што мислите за ова?

197

Сигурно барем еднаш ви се случило да седнете во кафуле или ресторан, а потоа вашиот посакуван мир го уништило нечие дете кое трча наоколу, вика и прави белји. Ова е сцена со која келнерите секојдневно се среќаваат, а своето искуство го споделила на Reddit една келнерка од Хрватска.

„Работам како келнерка во малку посериозно кафуле. Не дека морам да носам вратоврска, но сепак има малку поголем професионализам што се очекува и од персоналот и од гостите. Претходно работев во кафеана која е на другата страна од спектарот, но овој пристап повеќе ми одговара. Најмногу ме нервираат родителите кои доаѓаат на кафе со пријателите и децата, а потоа се однесуваат како да дошле на игралиште. Децата трчаат околу шанкот, врескаат, се качуваат по шанкот, зад шанкот, под шанкот… И не можете ништо да им кажете, бидејќи во спротивно ќе бидат страшно навредени“, напишала таа и ја споделила ситуацијата на која била сведок тој ден.

„Денес едно мало девојче особено ми го крена притисокот. Имаше околу пет години според моја проценка. Прво трчаше по терасата добри 10 минути. Останатите гости се вртеа, се погледнуваа, само нејзините родители не реагираа. Потоа, речиси влезе во шанкот и се обиде да земе пакетче Цедевита. Ја предупредив дека не може. Потоа родителите ѝ дадоа снопче со клучеви за да си игра, иако на терасата има кутија со детски играчки. наменети токму за децата да можат да се забавуваат додека нивните родители пијат кафе. Девојчето ги туркаше клучевите во бравата на кафулето. Мислев дека фасцинацијата брзо ќе ѝ помине, но не помина, па љубезно ја замолив да не го прави тоа. Таа целосно ме игнорираше“, продолжува келнерката.

Таа уште еднаш го предупредила детето, а на крајот отишла кај мајката и ја замолила да ја смири и да ја предупреди да не ги турка клучевите во бравата за нешто да не се скрши.

Мајката навредено ѝ одговорила: Што ќе се скрши?

„Не беше груба, но нејзиниот поглед покажуваше дека ми замерува. Не ми оставија бакшиш”, додала келнерката, прашувајќи се дали сите родители (главно млади) се такви.

„Ако веќе не можете да го контролирате вашето дете, тогаш не го носете во кафулиња, каде што неговите белји ги вознемируваат другите што дошле на мир да пијат кафе. Каде е срамот? се прашува таа.

А за крај напишала уште една анегдота која ја исфрлила од такт.

„Пред неколку недели, една млада мајка му смени пелена на бебето среде тераса, а потоа ја оставила под масата. За почеток, можеше да го направи тоа во автомобилот или барем можеше да ја фрли валканата пелена во ѓубрето. Не разбирам“.

Луѓето во коментарите најмногу се согласуваат со неа.

„Колку стареам, толку појасно ми станува зошто има ресторани во кои децата не смеат да влезат“, истакнува еден корисник.

„Потполно те разбирам. Кога одам на кафе со дете избирам само кафуле во кое има некоја занимација за детето. Паркче, тобоган и слично. Има 2-3 такви во Задар и сите родители одат во такви кафулиња. Ако се најдам во кафуле кое не е пријателско за деца, задолжително ги седнувам со мене на маса и разговарам со нив додека не го испијам кафето. Кога прави неред на масата, секогаш има бакшиш за келнерот“, вели друга.

„Родителите што на своето дете му дозволуваат се во кафуле што не е за деца се невнимателни и такви гости не ви ни требаат, вели трет.

„Затоа што самите овие родители се невоспитани дечишта и за нив однесувањето на нивното дете е сосема нормално и пожелно“, продолжува четвртиот.

Повеќе