Лулашките за доенчиња се поврзани со 14 смртни случаи, не ги користете за спиење

„Дури и во соработка со Fisher-Price, водевме тешка битка за да ги објавиме овие информации за да ги предупредиме родителите и старателите на опасноста“, вели Ричард Трумка од CPSC (Американската комисија за безбедност на потрошувачки производи).

322

Од 2009 до 2021 година, пријавени се најмалку 14 смртни случаи кај доенчиња и мали деца кои користеле нишалки за доенчиња, соопштила Американската комисија за безбедност на потрошувачки производи (CPSC) и Фишер-Прајс.

Ен-Би-Си објави дека експертите за безбедност предупредуваат таквите лулашки да не се користат за спиење. Дополнително, бебињата во вакви производи никогаш не треба да се оставаат без надзор или со предмети кои можат да предизвикаат задушување, велат компаниите што ги произведуваат.

„Компаниите не треба да продаваат или прикажуваат производи како што се лулашки за бебиња или какви било производи со навалување, како производи во кои бебињата спијат бидејќи не се сигурни за таа цел“, вели Дев Гоуда од организацијата Kids In Danger.

Според CPSC, до 22 јуни ќе стапи на сила правилото дека производите за спиење за доенчиња мора да имаат наклон од 10 степени или помалку.

„Дури и во соработка со Fisher-Price, водевме тешка битка за да ги објавиме овие информации за да ги предупредиме родителите и старателите на опасноста“, додава Ричард Трумка од CPSC.

Fisher-Price продаде повеќе од 17 милиони лулашки ширум светот од 1990-тите, а Kids2 продаде повеќе од 1,8 милиони од 2012 година.

Безбедносни совети
Американскиот претседател Џо Бајден минатиот месец го потпиша Законот за безбедно спиење за бебиња, со кој се забранува производство или продажба на перничиња за креветчиња и производи за спиење кои се поврзани со стотици смртни случаи.

CPSC им ги нуди следниве безбедносни совети на родителите и старателите:

Најдоброто место за спиење на новороденчето е цврста рамна површина;
Не додавајте ќебиња, перници, штитници за креветче или други предмети што можат да го задушат детето;
Доенчињата секогаш треба да спијат на грб. Доколку заспијат во навалена или исправена положба, треба да се преместат во безбедно опкружување, односно на рамна површина како креветче или колевка.

Повеќе