Клиниката за гинекологија израсна уште едно палче: Роден со неполн килограм, малиот Едон си замина дома со 2110 грама

Од Клиниката за гинекологија и акушерство стаса уште една убава приказна за уште еден мал и вистински борец, роден предвреме, со само 940 грама.

193

По 77 дена поминати на Одделението за интензивна нега и терапија (ОИНТ) на ЈЗУ У ГАК, вчера малиот Едон Спахију си замина дома во добра општа состојба и со уреден наод на виталните функции.

Роден е во 27 гестациска недела со тежина од само 940 грама, а го испративме со телесна тежина од 2110 грама. На Едон му посакуваме многу здравје, радосно детство и среќа.

На неговите родители им благодариме за трпението и за соработката во периодот на заедничката борба во која најголема заслуга има малиот борец Едон, велат од Клиниката за гинекологија и акушерство.

Повеќе