Како да се справите со изливите на бес? Британската Мери Попинс споделува совети за воспитување

Дадилките од британскиот колеџ за дадилки, Норланд, кои добиваат диплома за рано образование и грижа се многу барани и добро платени. Еве неколку совети од една од дадилките кои дипломирале на Норланд

126

Малиот колеџ во градот Бат во Обединетото Кралство е местото каде што британското кралско семејство се јавува кога им е потребна грижа за децата. Норланд, кој е основан пред повеќе од 130 години, обезбедува четиригодишна програма за обука за дадилки. Покрај теорија, учесниците поминуваат и низ практичен дел и поминуваат околу 1.300 часа грижа за новороденчиња и мали деца.

Дадилките од Норланд, кои добиваат диплома за рано образование и грижа се многу барани и добро платени. За секоја дадилка која ќе дипломира, има околу осум до десет понуди за постојани работни места достапни преку Норланд.

Додека се обучуваат за дадилки, приправничките се препознатливи по нивните формални, кафени униформи, слични на оние што ги носи Мери Попинс. Алис е една од дадилките од Норланд, а со CNCB ги споделила советите што ги стекнала за време на повеќе од една деценија искуство. Најдолго работела во Њујорк, каде се грижела за тригодишно девојче и 18-месечни близнаци со кои поминала девет години.

„Еден многу, многу важен совет за секој родител е да биде свесен дека секое дете е различно и расте и учи со различна брзина“, вели таа.

„Не го споредувајте вашето дете со други деца. Изберете го само она што ви одговара за детето да биде среќно и здраво“, додава таа.

За утеха на расплакано дете
Алис моментално се грижи за 10-месечно дете кое има проблеми со заспивањето и со спиењето.

„Доколку децата не спијат доволно во текот на денот, веројатно нема да спијат ниту ноќе. Секое дете има различна рутина за спиење и јас секогаш ги советувам родителите да го утешат бебето кое не може да заспие. Ставете му ја раката на стомачето, нека знае дека сте тука, но обидете се да не му зборувате“, предлага таа.

За изливите на бес
Алис вели дека изливите на бес се случуваат кога детето е во безбеден простор. Сепак, таа советува да не се обидувате да интервенирате додека траат.

„Покажете дека сте тука, а разговорот оставете го за подоцна, кога детето ќе биде подобро расположено“, истакнува таа.

За екраните
За да го ограничи времето на вашето дете пред екранот, Алис предлага да кажете: „Зошто не ја играш таа игра пет минути и потоа ќе ја исклучиме“.

Таа вели дека е најважно да бидете доследни, да имате трпение и разбирање и да го одржите зборот.

Норланд е основан во 1892 година од воспитувачката Емили Вард, која се потпира на учењата на Фридрих Фребел, пионер на раното образование, кој го вовел концептот на градинка и се фокусирал на идејата за детето како индивидуа со уникатни потреби и способности.

Повеќе