Кога на матурската забава доаѓаш со дете (ВИДЕО)

Шеснаесетгодишно девојче дошло на матурската забава со својот едногодишен син како придружник, а гордата 38-годишна баба го снимила ова и направила видео за ТикТок

154


Тинејџерката Ешли Хејзелтон ги изненадила сите кога се појавила на матурата во придружба на својот едногодишен син.

Оваа 16-годишна девојка забременила на 14 години. Тоа не ја оддалечило од училиштето, а крајот на средното образование го прославила со своите врсници на матура. Таа се дотерала и пристигнала на гала вечерата во лимузина, како и сите други, а го украла шоуто кога го покажала својот едногодишен придружник, синот Лоренцо.

„Излегов од автомобилот и сите тргнаа кон мене. Го извикуваа моето име и се собираа околу нас. Се чувствував толку сакано”, изјавила Хејзелтон.

Нејзината мајка Хејли Трикер го снимила трогателниот момент кога Хејзелтон и Лоренцо пристигнале на забавата.

„Не можам со зборови да искажам колку сум горда на неа. Да, се породи на 15 години, но шест недели подоцна се врати на училиште и го положи првиот испит. Веќе постигна некои резултати, положи со најдобри оценки. Таа учи и во исто време е одлична мајка“, додала младата 38-годишна баба Хејли.

Хејзелтон има намера да студира за да стане пожарникарка и се разбира, ќе продолжи да го одгледува својот син.

Повеќе